Со иницијативата за изградба на системот за управување со отпадот од земјоделските активности, се направи првиот исчекор во справувањето со нарушувачите на животната средина во Преспа. Но, тоа е само еден чекор во потребата од поголема грижа за унапредување на човековата околина. Што поскоро потребно е да се изготви и конкретна програма за заштита на природата со регистар на загадувачите на животната средина, а во него да се внесат сите оние, кои на било кој начин, придонесуваат за загадување на воздухот, водата и земјата. А, дека нив ги има околу нас потврдуваат и неколкуте фотографии направени од објективот на PrespaInfo.
Еколошкиот проблем треба најпрво да се дефинира, бидејќи тоа во голема мера ќе го одреди начинот на неговото решение и примена. Спречувањето секогаш чини помалку од расчистувањето или ублажувањето на последиците. Проблемите кои произлегуваат од (не)одржувањето на комуналната хигиена неможат да бидат заобиколени ни овој пат. Тоа од причини што самите граѓани ваквата положба ја прават уште позагрижувачка со својот однос.
Честа е појавата на фрлање, на ѓубре, шут и друг отпаден и градежен материјал на места кои не се предвидени за таква намена.
Без сомнение со ваквиот наш неодговорен однос, самите придонесуваме во загадување и нарушување на животната средина, а со тоа и за појава на можни разноразни заболувања. Затоа да им речеме стоп на загадувачите во Преспа. Да не дозволиме ваквите појави и понатаму да “живеат” во нашата средина. Она што неодамна започна, со изградбата на систем за компостирање на отпадни пакувања од пестициди и друг опасен отпад, безкомпромисно да продолжи во насока на понатамошна заштита на воздухот, водата и почвата. Заради нас, заради нашите поколенија ! А, подигнувањето на јавната свест кај граѓаните за начинот на кој може да се делува и активностите кои треба да се превземаат во зачувувањето на здравата животна средина е приоритетна мерка за заштита на природната околина. Што значи, треба да се создаде критичка маса меѓу граѓаните која непоколебливо ќе биде на страна на заштитата и унапредувањето на преспанската животна средина. Но, преовладувањето на политичкиот елемент во секојдневниот живот како да ја оспорува ваквата размисла. Сепак, добро е тоа што на еко-проблематиката со целата своја сериозност и’ се посветува актуелната локална власт.
Tulanata cel grad go true, posledicite ke gi osetime za nekoi si 10 godini, a kako sto gledam inspektorite za zivotna sredina od resen kako i drzavniot inspektorat nema nekoi konkretni dejstvija prezemeno… Navodno spored carsiski kazuvanja se gorelo KOKS kako energenz koj e mnogu steten za zdravjeto na lugeto. Dokolku ovie carsiski spekulacii se tocni togas privatniot profit vo ovaa drzava e pobiten od zdravjeto na lugeto i zivotnata sredina!