Во рамките на шестото коло од Третата Македонска Фудбалска Лига, екипата на ФК Преспа, пред своја публика со ангажирана и ефикасна игра, оствари нова победа, овој пат против екипата на ФК Поешево, совладувајќи ја со резултат од 3-0. Головите ги постигнаа Никола Калевски, Пеце Наумовски и Нико Пластиновски. Со трите нови бода и со вкупното бодовно сладо од максимални 18 бода, ФК Преспа се зацврстува на челната позиција на првенствената табела.
Во следното коло ФК Преспа гостува во Могила каде се среќава со истоимената фудбалска екипа. Натпреварот е закажан за недела, 22 септември со почеток во 16:00ч.
Браво ФК Преспа !!!! Одиме во втора лига!!!