Пред поголем број на граѓани на Ресен и Преспа, вечерва, својата изборна програма, барајќи поддршка за градоначалнички мандат, ја претстави кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од редовите на СДСМ Живко Гошаревски.
“Ресен и Преспа ќе ги направиме подобро место за живеење. Ќе има подобар живот за сите граѓани од Галичица до Пелистер, од Бигла до Голем Град. Општинската администрација ќе биде сервис за секој граѓанин, без разлика на неговата политичка, национална или верска припадност,” истакна меѓу другото Гошаревски.
Пред присутните беа претставени и кандидатите за членови на Советот на Општина Ресен, а носителот на листата Никола Станковски ги повика Ресенчани на 15 октомври да го дадат својот глас за СДСМ и Коалицијата.
“Голема инспирација и чест е да се биде во Ресен, кој претставува вистински пример за меѓуетнички град,” рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, обраќајќи им се на присутните граѓани, додавајќи дека “СДСМ има план како да ја направи Преспа подобро место за живеење.”