Најново
Home » Tag Archives: преспа

Tag Archives: преспа

Отворена првата винарија во Преспа

Преспанскиот регион ја доби својата прва регистрирана винарија „Алесто“, основана од браќања Александар и Стојанче Димовски. Винаријата се наоѓа во селото Арвати, на западните падини на Баба Планина, со прекрасен поглед кон Преспанското Езеро и неговите неповторливи зајдисонца. Идејата да се основа семејна винарија дошла од братот Александар и неговата голема љубов спрема виното. Покрај производството на квалитетно вино, нивната ... Read More »

Започнаа конзерваторските зафати на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново – поттик за културна преродба на Преспа?

Црквата „Свети Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново е средновековна црква изградена во 1191 година и претставува еден од најубавите и највредните бисери не само на македонското средновековно сликарство, туку на целата византиска милениумска уметничка традиција. Скромната архитектура на црквата во Курбиново ги крие едни од највеличествените уметнички достигнувања на т.н. византиска ренесанса на комненскиот период. Експресивните фрески во Курбиново блескаат ... Read More »

Ресенската староградска архитектура плени со своите неокласицистички елементи

Старите ресенски градби, со сите свои тераси, столбови, пиластери и фризови го материјализираат духот на Ресен, духот на градот кој од голем број на патеписци е опишан како еден од најбогатите во Македонија, град од каде што произлегле голем број на лекари, трговци, генерали и државници кои својата моќ и богатство ја покажувале преку овие градби, имитирајќи ги куќите и ... Read More »

Време е Преспа да ја раскаже својата археолошка приказна

На доминантен рид над западниот брег на Преспанското Езеро, веднаш над викенд-населбата Сирхан, помеѓу фојините сенки, се издига моќното Шурленско Кале, утврдена населба од доцноантичкиот и раносредновековен период, период на славните Јустинијан, Св. Климент и Наум, Самоил. Населбата се простира на плато од околу 5 хектари (за споредба, средновековен Охрид имал површина од околу 8 хектари), а заштитена била со бедем ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online