Најново
Home » Tag Archives: ресен

Tag Archives: ресен

Ресен доби нов модерен фитнес центар!

Нов модерен фитнес центар од пред неколку месеци е на располагање на сите ресенчани и преспанчани кои сакаат да се грижат за своето здравје и физички изглед. “Progressive Fitness” се наоѓа на ул. Коле Неделковски бр.17 (позади градинката во просториите на поранешна “Треска”) и таму на посетителите им е достапна целосна, нова и модерна опрема со различни кардио, gym и ... Read More »

Во моментов во Ресен се активни 92 заболени случаи од Ковид-19

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата достигна 112.930, на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а на активни случаи изнесува 11.457. Во градот Ресен бројот на активни случаи изнесува 92, а од почетокот на пандемијата како позитивни биле регистрирани 887. Во Битола, бројот на активни случаи во моментов изнесува 292. Најмногу активни има во ... Read More »

Започнаа конзерваторските зафати на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново – поттик за културна преродба на Преспа?

Црквата „Свети Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново е средновековна црква изградена во 1191 година и претставува еден од најубавите и највредните бисери не само на македонското средновековно сликарство, туку на целата византиска милениумска уметничка традиција. Скромната архитектура на црквата во Курбиново ги крие едни од највеличествените уметнички достигнувања на т.н. византиска ренесанса на комненскиот период. Експресивните фрески во Курбиново блескаат ... Read More »

Ресенската староградска архитектура плени со своите неокласицистички елементи

Старите ресенски градби, со сите свои тераси, столбови, пиластери и фризови го материјализираат духот на Ресен, духот на градот кој од голем број на патеписци е опишан како еден од најбогатите во Македонија, град од каде што произлегле голем број на лекари, трговци, генерали и државници кои својата моќ и богатство ја покажувале преку овие градби, имитирајќи ги куќите и ... Read More »

Ресен доби уредена зелена зона за одмор и рекреација

Градските служби и претпријатија, деновиве интенивно работеа на уредување и чистење на пешачката зона околу Гимназијата со што Ресен доби уредена зелена зона за прошетка, одмор и рекреација за сите граѓани и посетители на Преспа. “Ќе настојуваме овој простор да биде прифатливо место за одмор, прошетка и спортска рекреација за граѓаните од сите возрасти. Константно ќе работиме на оплеменување и ... Read More »

Ресен нема градска кафеана

Освен што нема кино, театар, археолошки музеј итн., Ресен нема ниту градска кафеана, место каде рано наутро ќе се појадува чорба, ќе се пие една “лута”, кафе, ќе се “мери” чаршијата – кој минува, каде оди, ќе си довикуваат едни со други. Она што би се наоѓало во центарот на градот, на плоштад. Кафеана во која масите ќе имаат слобода на ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online