Најново
Home » Најнови вести » Утре почнува предизборната кампања за локалните избори 2017

Утре почнува предизборната кампања за локалните избори 2017

Кампањата за шестите по ред локални избори за градоначалници и членови на општинските совети, закажани за 15 Октомври, започнува утре – 25 септември. Како што е познато, во трката за градоначалник на Општина Ресен се вклучени двајца кандидати – Ѓоко Стрезовски и Живко Гошаревски, а за 15 места во Советот на Опшина Ресен на политичкиот терен ќе се натпреваруваат 60 кандидати од четири кандидатски советнички листи – ДУИ, Алијанса на Албанците, ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата и СДСМ со Коалицијата.

Утврден е и редоследот на кандидати на гласачкото ливче за избор на градоначалник и за избор на советнички листи. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник Ѓоко Стрезовски ќе биде под реден број 13, а кандидатот на СДСМ Живко Гошаревски под реден број 19. Според утврдената листа на кандидати за членови на Советот на Општина Ресен, под реден број 3 ќе биде ДУИ, под број 9 Алијансата на Албанците, листата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде под реден број 13, а на СДСМ под број 19.

Изборните каравани стартуваат утре, а први пред Ресенчани ќе се претстават Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) со коалицијата. Митингот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Ресен, со почеток во 19 часот. На метингот ќе биде претставен кандидатот за градоначалник Живко Гошаревски и неговата изборна програма, како и кандидатите за членови на Советот. Утре пред Ресенчани се очекува да се обрати и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Пред стартот на изборната кампања, кандидатите за градоначалник на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски и Живко Гошаревски, денес на пладне, потпишаа Декларација за фер кампања и мирен демократски изборен процес, обврзувајќи се да го почитуваат Изборниот законик и да се заложат изборите во Преспа да поминат во коректна, демократска атмосфера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online