Најново
Home » Култура » Во четврток започнува 15-то издание на меѓународниот фестивал на драмата – Актер на Европа

Во четврток започнува 15-то издание на меѓународниот фестивал на драмата – Актер на Европа

Во амбиентот на ресенскиот отворен театар во склоп на Гимназијата “Цар Самоил”, во четврток, 6 јули, со почеток во 21 часот, свечено ќе биде отворено 15-то издание на меѓународниот фестивал на драмата “Актер на Европа”.  Во шестдневниот период од 6 до 11 јули, ресенската публика ќе има можност да проследи седум драмски остварувања од повеќе европски земји, започнувајќи со претставата “Идиот” во изведба на студенти по актерство од “И.Л.Караѓaле” – Букурешт, Романија. Останатите претстави ќе бидат одржувани во прекрасниот Сарај. Наградата “Актер на Европа” оваа година ќе му биде доделена на францускиот театарски деец Марсел Бозоне.

Програма на Актерот на Европа 2017:

06.07.2017 (Четврток)

21:00ч. – локација: отворен театар, Ресен (кај Гимназија)

– Отворање на манифестацијата Актерот на Европа 2017. Прогласување на Марсел Бозоне за Актер на Европа за 2017 година.

 “ИДИОТ”– Ф.Достоевски

Режија: Богдана Дарие

Изведба на Студенти по Актерство на “И.Л.Караѓaле” – Букурешт, Романија

07.07.2017 (Петок)

21:00ч. – локација: Сарај, Ресен

 “Не Јас” – текст по мотиви од Самуел Бекет, изведба Снежана Петрова

Нов Бугарски Универзитет, Софија, Бугарија

– “Отворач за Конзерви” – Виктор Лану (Франција), режија Стојан Матавуљ (Хрватска)

Народен Театар Штип – Македонија

08.07.2017 (Сабота)

21:00ч. – локација: Сарај, Ресен

– “Анонимос Венис” – Џузепе Берто (Италија), режија: Дрита Беѓоли (Косово)

Ити центар и театар Додона, Приштина, Косово

09.07.2017 (Недела)

21:00ч. – локација: Сарај, Ресен

– “Екстеремофил” – Александра Бадеа (Романија), режија: Елизабет Марие (Франција)

Скарфејс Ансамбал – Стразбур (Франција), во копродукција со “Интернационален Фестивал од Атина и Епидаур” (Грција)

10.07.2017 (Понеделник)

21:00ч. – локација: Сарај, Ресен

– “Животот е Лото“ – Владимир Ѓурѓевиќ, Режија: Бојана Лазиќ ( Србија)

Театар “Карт Бланш” – Земун, во копродукција со  Хепи Театар (Хрватска) , Изведба: Моника Ромиќ (Хрватска)

11.07.2017 (Вторник)

21:00ч. – локација: Сарај, Ресен

–  Свечено Затворање и доделување на наградите

– Престава во чест на наградените: ”Поет за Поетите” – НАСТЕАТАР – Иван Перковиќ (Србија)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online