Најново
Home » Author Archives: Igor (page 2)

Author Archives: Igor

Младинската ракометна школа “Преспа-Вардар” од Ресен го освои првото место на турнирот „Еден живот, една љубов” во Скопје

Младинската школа на РК Вардар во Ресен -“РК Преспа-Вардар”, предводена од тренерот Иван Ангелковски, го освои првото место во натпреварувачката категорија “Генерација 2006/07″ на ракометниот турнир „Вардар – Еден живот, една љубов”, кој викендов се одигра во спортскиот центар “Кале” во Скопје. Во финалниот натпревар од турнирот, “РК Преспа-Вардар” ја победи екипата на “Бусинов-Вардар” со резултат од 10:8 и го ... Read More »

Жителите на Јанковец со апел за заштита на шумскиот појас околу манастирот “Св. Пресвета Богородица”

По повторните најави за сеча на шумата околу манастирот “Св. Пресвета Богородица”, жителите на с. Јанковец упатија јавен апел за заштита на шумата и своите домови. Соопштението објавено на Фејсбук страната на Јанковец ви го пренесуваме во целост: Почитувани граѓани на Ресен и Преспа! Во услови кога немаме медиум и нема начин како да ви се обратиме и да ја ... Read More »

По средбата на премиерите Заев и Ципрас, на повидок отворање на граничниот премин Маркова Нога?

Отворањето на граничниот премин Маркова Нога помеѓу Република Македонија и Република Грција, идеја која што е присутна повеќе децении, деновиве повторно беше актуализирана на средбата помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија, каде што учествуваа на годинешниот Светски Eкономски Форум. Во оваа насока беше и недамнешната посета на градоначалникот на Општина Ресен д-р Живко Гошаревски ... Read More »

Отворена нова железарија во Ресен со двојно пониски цени и висок квалитет на производи

На аголот од крстосницита на улиците “Борис Кидриќ” и “29 Ноември” во Ресен, на местото на некогашната позната фурна “на Ацко”, во новозиграден објект е сместен новиот продажен простор на железаријата “Богови-Мани” ДООЕЛ. Железаријата располага со широк асортиман на квалитетни прозиводи – професионални рачни алати и апарати, санитарна галантерија, абразивни алати, навартки и завартки, бои и лакови, работна и заштитна ... Read More »

Јавен повик за учество на работилници за волонтеризам, организација на настани и креирање на иницијативи

  Здружението за локален развој Акција Плус – Ресен во рамките на проектот – Градење на правните и финансиските капацитети на Акција Плус Ресен, објавува јавен повик за учество на три работилници. Работилниците ќе бидат на тема волонтеризам, организација на настани и креирање на три конкретни иницијативи на 30 Јануари, 31 Јануари и 1 Февруари 2018 година во просториите на ... Read More »

Да помогнеме на семејството Дафтовски чиј дом беше уништен во пожар

Семејниот дом на фамилијата Дафтовски од Ресен беше уништен во пожар кој избувна средата на пладне, оставајќи ги без покрив над главата. Во пожарот целосно изгоре покривната конструкција, собите и покуќнината во нив. Ова сeмејство живее од скромни приходи и нема можност да го обнови домот. “Во лоша ситуација сме, ништо немаме. Kуќата е без покрив, нема апарати, нема каде да ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online