Најново
Home » Бизнис » Бизнисмени од Измир во посета на Ресен

Бизнисмени од Измир во посета на Ресен

Во организација на Преспанско-пелагонискиот плански регион, делегација од 30-тина бизнисмени од Измир, Турција, деновиве се во посета на Ресен, Битола и Прилеп. Во разговор со претставници на бизнис заедницата од овој регион, гостите од Турција изразија желба да ги прошират своите бизниси во Македонија и да соработуваат со компаниите од Преспанско-пелагонискиот регион.

Денес, во Ресен, делегацијата на бизнисмени од Измир беше примена од страна на Градоначалникот на Општина Ресен и претседател на Советот за развој на Преспанско-пелагонискиот регион д-р Ѓоко Стрезовски, кој гостите ги запозна со инвестициските потенцијали на овој регион.

biznismeni od izmir vo poseta na prespansko pelagoniskiot region

„Преспанско-пелагонискиот регион е со развиена инфраструктура, поволна клима за инвестирање и високо стручна и флексибилна работна сила. Близината на регионот до инфраструктурните капацитети на Европската Унија, се додатна вредност за неговата инвестициона атрактивност. Во моментот на територијата на Пелагонискиот плански регион постојат една технолошко индустриска развојна зона, 12 индустриски зони, уште неколку индустриски зони во најава и повеќе браунфилд-локации“, рече Стрезовски.

Гостите од Измир, при денешната посета на Ресен, го посетија и Откупно-дистрибутивниот центар “Епл Ленд,” како и ресенскиот Сарај.

Соработката на македонските и турските бизнисмени ќе отвори можност за извоз на македонски производи во Турција која, пак, важи за врата кон пазарот на Блискиот Исток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online