Најново
Home » Живот (page 2)

Живот

Водата од селските водоводи во Крани и Арвати неисправна за пиење

Според информации од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, дваесетина лица од долнопреспанските населби Крани и Арвати побарале лекарска помош поради дијареа, повраќање и болки во стомакот. По увидот на терен од страна на стручните екипи на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје Битола и Агенцијата за храна, било утврдено дека причина за предизвиканите симптоми кај граѓаните од ... Read More »

ХаТекс Ресен има потреба од нови работници – месечна плата од 13 000 денари

ХаТекс ДОО-Ресен е текстилна фабрика која се вбројува во редот на подобрите претпријатија од текстилната индустрија не само во нашава општина, туку и во Републиката. Како резултат на современата организација на работа, рационалното користење на постојните ресурси, точно утврдените производствени програми за познат купувач, навременото и целосно извршување на зацртаните планови, како и другите позитивни фактори на работење, ХаТекс – Ресен достигна ... Read More »

Нови имиња за раководители на повеќе ресенски установи – Јоне Димовски е новиот секретар на локалната администрација

Две од петте основни училишта во Преспа добија нови директори. Во основното училиште “Гоце Делчев” во Ресен за директор е назначен Блаже Соколевски, во основното училиште “Димитар Влахов” во Љубојно е назначена Сузи Ќоропановска, а во СОУ “Цар Самоил” за директор е именувана Славица Божиновска. Во Јавното комунално претпријатие “Пролетер” на директорската фотеља се враќа Музафер Мурати, а за нов ... Read More »

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски во работна посета на Ресен

Министерот за култура на Република Македонија г-дин Роберт Алаѓозовски го посети Ресен, при што беше примен од градоначалниот на Општина Ресен д-р Живко Гошаревски со кого заедно направија увид во состојбите на дел од културните установи во нашата општина. Главниот акцент беше ставен врз објектот на Сарајот, градба која датира од почетокот на минатиот век. Во оваа импозантана градба во Ресен, сместени ... Read More »

За чиста и здрава Преспа

Оддржувањето на динамична рамнотежа во природата и општествената средина е еден од основните услови за понатамошна наша егзистенција. Последниве години еколошките сотојби во Преспа се третираат пралелно со економските и социјалните, согласно принципите за одржлив развој. Фактичката состојба во која се наоѓа животната средина во нашата Општина, очевидно и недвосмислено укажува на потребата за посоодветна заштита и третман на истата. ... Read More »

Продолжува да опаѓа нивото на Преспанско Езеро

Кога пред неколку месеци нивото на водата на Охридското Езеро катадневно опаѓаше, се крена голема медиумска врева, како да е преполовено. Локалните власти побараа да се превземат низа мерки, од затворањето на испустот кон Црн Дрим, па до редефинирање на договорот со соседна Албанија за користење на водите од езерото. Но, само на триесетина километри од Охридското, се наоѓа Преспанско ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online