Најново
Home » Култура (page 2)

Култура

Во четврток започнува 15-то издание на меѓународниот фестивал на драмата – Актер на Европа

Во амбиентот на ресенскиот отворен театар во склоп на Гимназијата “Цар Самоил”, во четврток, 6 јули, со почеток во 21 часот, свечено ќе биде отворено 15-то издание на меѓународниот фестивал на драмата “Актер на Европа”.  Во шестдневниот период од 6 до 11 јули, ресенската публика ќе има можност да проследи седум драмски остварувања од повеќе европски земји, започнувајќи со претставата ... Read More »

Време е Преспа да ја раскаже својата археолошка приказна

На доминантен рид над западниот брег на Преспанското Езеро, веднаш над викенд-населбата Сирхан, помеѓу фојините сенки, се издига моќното Шурленско Кале, утврдена населба од доцноантичкиот и раносредновековен период, период на славните Јустинијан, Св. Климент и Наум, Самоил. Населбата се простира на плато од околу 5 хектари (за споредба, средновековен Охрид имал површина од околу 8 хектари), а заштитена била со бедем ... Read More »

“Крикот на пеликанот” најново литературно поетско остварување на Лидија Дочовска Павловска

– АКО ВО МОИТЕ ОЧИ, ГО ПОГЛЕДНЕТЕ СЈАЈОТ, ТОГАШ КРИКНУВА СРЦЕТО ЗА ЕДНА ЉУБОВ, ОД СЕГА … ДО ВЕЧНОСТА….ЉУБОВТА КОН ЧОВЕКОТ – А КОГА СЈАЈОТ ЌЕ ЈА ПУШТИ СОЛЗАТА ОД ОКОТО, ТОГАШ БРАНУВА ЕЗЕРОТО ВО ДУШАТА….ЗА МОЈАТА ПРЕСПА Лидија Дочовска Павловска ја поткрепува тезата, никогаш не е доцна да се започне со одредена дејност, пишување, и дека таа ненаметливо и ... Read More »

Симболична претстава на Преспанското Езеро во самиот центар на Ресен

Најголемото богатсво на Преспа е нејзиното Езеро. Тоа Езеро, едно од најстарите во Европа, создадено уште во епохата на Плиоценот (пред 5 милиони години), заштитено под сенките на Галичица и Пелистер, ги одржува во живот сите живи суштества на неговите брегови, вклучително и нас, луѓето, кои со милениуми тука сме ги развивале нашите семејства, нашите населби и нашата култура. Следејќи го конецот ... Read More »

Ресенската драма „Умирам пеејќи, Наум Манивилов-Преспански“ ќе го отвори овогодинешното издание на ‘Актерот на Европа’

Во Среда, 6 јули, во Ресен започнува културната манифестација “Актерот на Европа 2016″. Ресенската публика за време на одржувањето на фестивалот, од 6 до 11 јули, ќе има можност да проследи неколку драмски остварувања, а програмата ќе биде отворена со изведбата на ресенската драма „Умирам пеејќи, Наум Манивилов-Преспански“, по текст на Петре М. Андреевски, во режија на долгогодишниот театарски работник Сотир Чаушевски ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online