Најново
Home » Култура (page 4)

Култура

По петти пат отворена изложбата “Низ четката на Преспанските уметници”

Во Домот на Културата ‘Драги Тозија’ во Ресен, синоќа, беше отворена ликовната уметничка изложба „Низ четката на Преспанските уметници“. На изложбата беа изложени повеќе дела на роднокрајни ликовни уметници, меѓу кои и Марија Касовска, Мери Царовска, Митко Марковски, Орце Божиновски, Сашо Илоски, Сашо Милевски, Себаедин Далиповски, Севдалина Митревска, Силвана Андоновска, Соња Темелковска, Таше Соколевски, Аница Радевска, Благојче Думовски, Бранко Пецалевски, Весна П. ... Read More »

Се подготвува театарската претстава “За рамнотежа во светот”

Театарската претстава “За рамнотежа во светот”, работена по текст на Биљана Тодоровска, а во режија на Сотир Чаушевски, ќе биде одиграна пред ресенската публика на 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Деновиве се вршат и последните подготовки за претставата, чија идеја е да покаже дека сите луѓе во светот се еднакви, дека децата со посебни потреби треба да бидат во ... Read More »

Промовиран проектот ‘По патеките на Светиот Владимир’

Вечерва, во Големата сала во зградата на локалната самоуправа во Ресен, беше промовиран туристичкиот проект ‘По патеките на Светиот Владимир’, кој ќе се реализира во трите најзначајни земји од животот на средновековниот дукљански владетел и христијански светец Јован Владимир – Црна Гора, Албанија и Македонија, односно општините Бар, Елбасан и Ресен. По воведниот подравен говор на Градоначалникот на Општина Ресен д-р ... Read More »

Одиграна монодрамата “Јане Сандански – 100 години после”

Синоќа, во Младинскиот Културен Центар (поранешно кино) во Ресен, беше одиграна монодрамата “100 години после” во чест на македонскиот револуционер Јане Сандански, чиј лик беше толкуван од страна на познатиот македонски актер Петар Темелковски, кој со одлична глума го долови ликот на Сандански преку една емотивна и поетична димензија. На самиот почеток од настанот, краток историски час за животот и делото на ‘Пиринскиот цар’ имаше младиот истражувач на ... Read More »

Монодрамата “Јане Сандански – 100 години после” во сабота пред ресенската публика

Во сабота (17.10.2015), во Кино салата при Домот на Културата во Ресен, со почеток во 20 часот, ќе биде одиграна монодрамата “100 години после” во чест на македонскиот револуционер Јане Сандански, чиј лик ќе биде толкуван од страна на познатиот македонски актер Петар Темелковски. Според зборовите на самиот актер – “претставата има емотивен пристап и поетична димензија и таа не е обична хронологија на историските настани.” За ... Read More »

Ќе се основа детски хор – Преспански Ѕвончиња

Со намера за основање на детски хор ‘Преспански Ѕвончиња’, Домот на Култура ‘Драги Тозија’ од Ресен, организира аудиција за сите деца на возраст од 6 до 14 години, која ќе се одржи на 2 октомври (петок) во просториите на Домот на културата, со почеток во 18 часот. Повеќе информации во врска со аудицијата и детскиот хор на телефонскиот број: 047 551 ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online