Најново
Home » Култура (page 5)

Култура

Студенти од Италија по трагите на Via Egnatia во Ресен

Група од околу 40 студенти и нивни професори од Università Iuav di Venezia од Венеција, Италија, вчера и денес престојуваа во Ресен како дел од нивната истражувачка експeдиција за древниот римски пат Via Egnatia, кој минувал и низ територијата на Преспа. Стартот на нивната експедиција беше на 16 август од Венеција, па преку Тирана, Драч, Елбасан, Охрид, стигнаа во Ресен, од каде продолжуваат кон ... Read More »

Проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс: Ресен има прекрасни услови за истражувања и јавна презентација на културно-археолошкото богатство

“Ресенскиот регион се наоѓа на патната магистрала од Пелагонија кон Охрид низ која патуваат повеќе илјади туристи. Ова е погодност која што треба да се искористи за промоција на ресенското културно и археолошко богатство.” – Вели првиот човек на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија Проф.д-р Виктор Лилчиќ-Адамс во интервју за Историски Блог. Историски: Во Преспанскиот регион ... Read More »

Кенан Таировски – 45 години на музичката естрада

“Едита”, “Фикрија”, “Дано Данице, преспанска убавице”, “Жане жанина”, “Преспо моја”…. се само дел од богатиот музички опус на Кенан Таировски, кој повеќе од 45 години успешно опстојуваше на југословенската и македонска музичка сцена. Кенан Таировски е роден во 1945 година во Царев Двор, каде и завршува основно образование. На предлог на тогашниот Наставнички совет на ОУ ‘Браќа Миладиновци’ – Царев ... Read More »

Со ‘житните полиња’ на Темков започна овогодишниот Топол културен бран во Преспа

Со самостојната ликовна изложба на уметникот Владимир Темков, насловена “Циклус житни полиња”, поставена во Домот на културата “Драги Тозија” во Ресен, започна овогодишната манифестација ‘Топол културен бран’ во Преспа. ‘Бранот’ ќе се одвива во две етапи, од 20-31 јули, и од 20-31 август. Во овие термини во Ресен и на брегот на Преспанското Езеро ќе се одржат повеќе културни настани, ... Read More »

Седум децении КУД ‘Таше Милошевски’

Синоќа, во преполната спортска сала во Ресен беше одбележана 70-годишнината од постоењето на  Културно Уметничкото Друштво ‘Таше Милошевски’, формирано во далечната 1945 година. На синоќешната прослава, покрај настапот на членовите на КУД ‘Таше Милошевски’, гости беа и Фолклорниот ансамбал ‘Македонка’ од Торонто, Канада, кои со громогласен аплауз беа топло поздравени од ресенската публика. КУД ‘Таше Милошевски’ е формирано пред седум децении ... Read More »

Словенечката актерка Милена Зупанчиќ лауреат на ‘Актерот на Европа 2015’ – ‘Клучот на Преспа’ во рацете на Вера Битракова Грозданова и Гзавиер Боне

Во дворот на ‘Сарајот’, вечерва во Ресен беше отворен 13-тиот по ред Интернационален театарски фестивал ‘Актерот на Европа’. На свеченото отворање на фестивалот присустуваа голем број на љубители на драмската уметност, видни гости од општествениот и културниот живот од Ресен и Македонија, меѓу кои и амбасадорите на Франција и Словенија во Република Македонија, Митрополитот Европски Г. Пимен, како и познатата словенечка ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online