Најново
Home » Настани (page 2)

Настани

Отец Пимен во Ресен ќе ја промовира својата книга “Патувајќи”

Митрополитот Европски г. Пимен, утре (понеделник, 04.09.2017) во Ресен ќе ја промовира својата втора книга “Патувајќи” – збирка на негови текстови и колумни објавени на интернет просторот. Промоцијата ќе се одржи во Спомен-куќата на Христо Татарчев во Ресен, со почеток во 19 часот. Како роден и израснат Ресенчанец, Отец Пимен често во неговите колумни се навраќа токму на својот роден ... Read More »

ДНК и Влатко Лозановски на 27 и 28 јули пред ресенската публика

Како дел од овогодинешниот Преспа Урбан Фест, во вечерните часови на 27 и 28 јули (четврток и петок), на Градскиот плоштад во Ресен, публиката ќе има можност да проследи настапи на повеќе музички изведувачи, меѓу кои и на групата ‘ДНК’ и Влатко Лозановски. Во Четврток (27 јули), забавата ќе започне со DJ Joshevski, продолжувајќи со бендовите Gradus и Extravaganza, за ... Read More »

Дефиле на ресенските матуранти

Среќни зошто зачекоруваат во нов живот, но и тажни зошто се разделуваат со своите врсници од школските клупи, стотина матуранти од генерацијата 2013-2017 при СОУ “Цар Самоил”, во петок (19.05.2017), со почеток во 18 часот, ќе продефилираат низ центарот во Ресен. Стартот на дефилето ќе биде пред платото на зградата на Општина Ресен, каде ќе ги поздрави Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко ... Read More »

На градскиот плоштад во Ресен ќе се одбележи Стара Нова Година

Во организација на локалната самоуправа, на 13 Јануари (Петок) со почеток во 18 часот, на Градскиот Полоштад ‘Цар Самоил’ во Ресен, по повод Стара Нова Година, ќе биде организирана манифестација со василичарски оган, каде ќе се послужува топла ракија и банички. Во една од баничките ќе има и паричка чиј добитник ќе добие поклон LED HD Телевизор. Настанот ќе биде проследен ... Read More »

Денови на јаболкото во Преспа

Од 23 до 27 септември, во Ресен ќе се организира фестивал посветен на почетокот на бербата на јаболка во Преспа. ‘Преспански јаболкобер 2016’ во себе носи мултиревијален, културно-уметнички, саемски, забавен и спортски карактер. Програма: 23 Септември (Петок) 11:00 – Детска театарска претстава “Принцезата Сиси” во ОУ “Гоце Делчев” – Ресен 12:00 – Стенд-ап со Весна Гаврил во СОУ “Цар Самоил” – Ресен 20:30 – Градски плоштад ... Read More »

Ресенската драма „Умирам пеејќи, Наум Манивилов-Преспански“ ќе го отвори овогодинешното издание на ‘Актерот на Европа’

Во Среда, 6 јули, во Ресен започнува културната манифестација “Актерот на Европа 2016″. Ресенската публика за време на одржувањето на фестивалот, од 6 до 11 јули, ќе има можност да проследи неколку драмски остварувања, а програмата ќе биде отворена со изведбата на ресенската драма „Умирам пеејќи, Наум Манивилов-Преспански“, по текст на Петре М. Андреевски, во режија на долгогодишниот театарски работник Сотир Чаушевски ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online