Најново
Home » Најнови вести (page 10)

Најнови вести

Во пресрет на 8 септември – ден на независноста на Република Македонија

На овој светол септемвриски ден и граѓаните на Ресен и Преспа со уште едно “простум” по 26 пат ќе го прослават денот кога жителите на Македонија решија да живеат во независна, суверена и самостојна држава.  Осми Септември е денот кога таа цел се оствари, благодарение на решеноста на граѓаните на Република Македонија на најдемократски начин преку референдум да ја изразат ... Read More »

Пожарот над Курбиново изгаснат

Пожарот кој зафати дел од шумскиот појас над селото Курбиново, со интервенција на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Ресен и вработените од Подрачното шумско стопанство “Преспа-дрво”, е ставен под контрола и изгаснат. Денес, шумското претпријатие “Преспа-дрво” со опрема за гаснење и логистика се’ уште го контролира теренот опфатен со пожарот. Според неофицијални извори, пожарот е намерно предизвикан, за што ... Read More »

На просторот помеѓу Претор и Курбиново се издига густ чад

На просторот помеѓу Претор и Курбиново се издига густ чад кој се забележува дури од Ресен. Според неофицијални информации се работи за пожар предизвикан уште во вчерашниот ден, кој денес продолжува да се шири. Се повикуваат граѓаните кои се во можност да се приклучат кон гаснењето на пожарот кој се заканува да зафати поголема површина на борова шума и да ... Read More »

Отворен Информативен центар на Здружението на возачи – Ресен во градското јадро

Со цел полесно информирање и исполнување на услугите кои ги нуди, Здружението на возачи – Ресен го отвори својот Информативен центар во градското јадро на Ресен, веднаш до објектот на Македонски пошти. Во Информативниот центар, граѓаните ќе имаат можност да се информираат и да ги завршат правните процедури поврзани со осигурување и регистрација на возила, Автошкола и полагање возачки испит, вадење ... Read More »

Во Ресен промовирана книгата “Патувајќи” на владиката Пимен

Во дворот на Спомен-куќата на Христо Татарчев во Ресен, меѓу бројните свои сограѓани, владиката Пимен денес ја промовираше својата втора книга, збирка на текстови и колумни, “Патувајќи”. Додека Ресенчани чекаа да се поздрават, да разменат некој збор и да добијат посвета од авторот, беа забавувани и од бендот “Ние, Другарите” кои со својата акустика придонесоа за целосно комплетирање на амбиентот. ... Read More »

На првиот училишен час, првооделенците ги посети градоначалникот Стрезовски

Денес започна новата учебна 2017/2018 година и за околу 1400 ученици од Преспа, меѓу кои својот прв училишен час го одржаа и 115 одделенци. Нив ги посети и градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски кој им посака успешно образование и другарување. Вкупно 1090 ученици ќе посетуваат настава во петте основни училишта низ Преспа и 310 ученици во Средното Општинско ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online