Најново
Home » Најнови вести (page 3)

Најнови вести

Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен

На Градскиот плоштад во Ресен, вечерва, пред голем број на граѓани од Преспа, ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата го претстави својот кандидат за градоначалник на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски, како и кандидатите за членови на Советот на Oпштината. “Денес, Преспа претставува вистинско градилиште. Во изминатите четири години интензивно се градеа нови патишта, тротоари и улици, дури и во најмалите и досега најзапоставени ... Read More »

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен

Политичките партии ги продолжуваат митинзите на кои ги претставуваат кандидатите за локалните избори  на 15 октомври. Утре, среда, 4 октомври, пред Ресенчани ќе се претстави ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата. Митингот ќе се оддржи на Градскиот плоштад во Ресен со почеток во 18 часот. На собирот ќе биде претставен кандидатот за градоначалник на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски и неговата изборна програма, како ... Read More »

Започна бербата на јаболка во Преспа

Денес, 27 септември-Крстовден, во Ресен, пред поголем број Преспанчани и гости од земјава, со симболично откинување на првото јаболко во овошниот насад на АД Агроплод започнува годинашната берба на јаболка во Преспа. Ваквиот свечен почеток на собирањето јаболка е дел од манифестацијата “Преспански Јаболкобер 2017”, која се одржува во организација на локалната самоуправа. Манифестацијата “Преспански Јаболкобер” за отворена ја прогласи д-р Ѓоко ... Read More »

Предизборен митинг на СДСМ во Ресен

Пред поголем број на граѓани на Ресен и Преспа, вечерва, својата изборна програма, барајќи поддршка за градоначалнички мандат, ја претстави кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од редовите на СДСМ Живко Гошаревски. “Ресен и Преспа ќе ги направиме подобро место за живеење. Ќе има подобар живот за сите граѓани од Галичица до Пелистер, од Бигла до Голем Град. Општинската администрација ... Read More »

Утре почнува предизборната кампања за локалните избори 2017

Кампањата за шестите по ред локални избори за градоначалници и членови на општинските совети, закажани за 15 Октомври, започнува утре – 25 септември. Како што е познато, во трката за градоначалник на Општина Ресен се вклучени двајца кандидати – Ѓоко Стрезовски и Живко Гошаревски, а за 15 места во Советот на Опшина Ресен на политичкиот терен ќе се натпреваруваат 60 ... Read More »

Промоција на книгите “Крикот на Пеликанот” и “Преспански Легенди”

На 25 септември, понеделник, во Домот на Културата “Драги Тозија” во Ресен ќе бидат промовирани новите две книги од неуморната авторка Лидија Дочовска Павловска – стихозбирката “Крикот на Пеликанот” и збирката раскази “Преспански Легенди”. Почетокот на промоцијата е закажан за 19 часот. Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online