Најново
Home » Најнови вести (page 4)

Најнови вести

Масовна еколошка акција низ Преспа

Во понеделник, на 25 септември, граѓанската иницијатива “Eко Герила Преспа”, во соработка со јавните институции од Општината, организира масовна еколошка акција за собирање на отпад и чистење на јавните простори низ Преспа. Акцијата ќе се одвива на повеќе локации, а ќе започне во 9:30 часот. Локациите каде што ќе се чисти се: дворовите на петте основни училишта во Преспа (ОУ ... Read More »

Во вторник, отворен ден на Здружението за локален развој “Акција Плус” – Ресен

Во Вторник, на 26 септември, со почеток во 10 часот, Здружението за локален развој “Акциј Плус” од Ресен во својата канцеларија на улицата “Гоце Делчев” ќе организира отворен ден за сите граѓани кои сакаат да се запознаат со неговата работа. Отворениот ден е можност за посетителите непосредно во разговор со тимот и волонтерите на Здружението, како и преку презентации и проекции, ... Read More »

Утврдена единствена листа на кандидати за членови на Советот на Општина Ресен

На 25 септември и официјално стартува изборната кампања за градоначалници и членови на совети на општините. Како што е познато, на 15 Октомври, за градоначалник Ресенчани ќе можат да избираат помеѓу актуелниот градоначалник Ѓоко Стрезовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, и Живко Гошаревски, кандидат на СДСМ. За членови на Советот на Општина Ресен, граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу четири кандидатски ... Read More »

Убавица која се издига меѓу две езера

Галичица, вишна убавица која се издига над Преспанско-Охридското подрачје, помеѓу две бисерни езера кои ги поврзува афалтен пат рангиран меѓу 50 најживописни патеки во светот според магазинот “National Geographic”, овозможува неповторливи дожувувања. Преубави природни и климатски услови, амбиент каде што чистиот воздух благопријатно делува и ги полни градите – вистинска воздушна бања каде има што има голема концентрација на кислород ... Read More »

Стрезовски и Гошаревски ќе го трчаат кругот за шестите по ред локални избори во Ресен

Синоќа на полноќ истече рокот за доставување на листите на кандидати за градоначалници и за членови на советите од политичките партии до Општинските изборни комисии, кои во рок од 48 часа од приемот на листата на кандидати утврдуваат дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. На 15 октомври, за кога ... Read More »

Преспа се подготвува за берба на јаболката

Според земјоделските стручњаци, овогодишниот род на јаболката во Преспа ќе биде значително помал од претходните години, како резултат на временските непогоди што подрачјето на Преспа го зафатија во неколку наврати, вклучувајќи ги и оние од пред неколку дена кога градот во одделни реони од Преспа го “дотолчи” јаболковиот род. Но, што е тука е – и тоа што е, треба ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online