Најново
Home » Најнови вести (page 90)

Најнови вести

Камен-темелник за новата црква “Св. Никола” во Стење

Во преспанското село Стење, денес, пред поголем број на граѓани беше осветен и поставен камен – темелник на новиот православен храм која ќе го носи името на Св. Никола, еден од најпочитуваните светци во христијанската религија, заштитник на рибарите, морепловците и бродовите. Со чинот на осветување чиноначелствуваше Владиката Петар, надлежен митрополит на Преспанско-пелагониската епархија во сослужение со  свештени лица од ... Read More »

Во конструктивна и ефикасна работа, Советот на Општина Ресен ја одработи денешната седница

Повеќе од два часа им беше потребно на челновите на Советот на Општина Ресен  за да ги разгледаат и усвојат прашањата ставени на дневен ред на денешната редовна, петта по ред , седница во овој состав. На седницата на Советот со која претседаваше претседателот Методија Пашковски, а во чија работа активно учестуваше и градоначалникот Ѓоко Стрезовски се најдоа дури 22 ... Read More »

Во СОУ “Цар Самоил” задоволни од екстерното проверување на учениците

Според зборовите на директорот Наум Тосковски, со екстерното оценување вкупно биле опфатени 339 ученици од СОУ “Цар Самоил” – Ресен. Резултатите од тестирањето задоволуваат, односно има само незначителни отстапки во споредба со оценките запишани од страна на наставниците во редовниот наставен процес. Пропусти – вели Тосковски, има само кај учениците кои замениле компјутер и за нив соодветно се постапило – ... Read More »

Градоначалникот Стрезовски гостин во емисијата “Од наш агол“ на МТВ 1

Во синоќешното издание на емисијата “Од наш агол“ која се емитува на националната телевизија МТВ 1 (25.06.2013), гостин беше и Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски. Емисијата беше посветена на приликите и неприликите со кои се соочуваат општините во развојот на тузизмот а гости покрај ресенскиот Градоначалник беа и неговиот колега од Општина Дојран, Градоначалникот Борче Стамов, како и ... Read More »

Излезе од печат монографијата за Ресен од авторот Благоја Б. Котларовски. Промоцијата ќе следи во септември.

По многуте години, наталожени над обичното градско секојдневие на Ресен, погледнато од денешната временска дистанца, се чини дека сликите во сеќавањата на повозрасните жители, за случувањата, приликите и неприликите, за животните радости и тажните моменти на градскиот живот пред многу години, како полека да избледнале. Во нивните зборови и застанатите погледи се чувствува само разигнирано жалење за едно дамнешно минато ... Read More »

УНДП објави 4 градежни тендери за Општина Ресен

УНДП објавува четири градежни тендери за територијата на Општина Ресен, како дел од проектот за заштита на Преспанското Езеро. Во рамките на проектот “Заштита на Преспанското езеро“ со донаторски средства од страна на СДЦ (Швајцарската развојна агенција) а во имплементација на УНДП и Општина Ресен се распишани 4 (четири) тендери за изведување на градежни работи. Овие активности се насочени кон ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online