Најново
Home » Политика

Политика

Меѓуопштинската соработка – клуч за интегриран локален развој на Преспа

Позитивните примери за соработка со соседните градови и општини придонесуваат за подобро и поефикасно решавање на потребите на граѓаните, а со тоа и подобрување на квалитетот на животот во регионот Преспа. Во оваа насока беше и посетата на градоначалникот на Општина Ресен д-р Живко Гошаревски на Општина Преспа во соседна Грција, каде што се сретна со неговиот колега Панајотис Пасхалидис. ... Read More »

Оддржана 5-та седница на Советот на Општина Ресен

Под претседателство на претседателот на Советот на Општина Ресен Никола Станковски, членовите на Советот на својата 5-та, редовна седница, работеа под дневен ред од над дваесетина точки. Меѓу другото, беа усвоени Предлог-програмата за унапредување на здравствената и социјална заштита во Општина Ресен за наредната година, Програмата за оддржување на комуналната хигиена, како и други прашања од областа на комуналната сфера. ... Read More »

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски во работна посета на Ресен

Министерот за култура на Република Македонија г-дин Роберт Алаѓозовски го посети Ресен, при што беше примен од градоначалниот на Општина Ресен д-р Живко Гошаревски со кого заедно направија увид во состојбите на дел од културните установи во нашата општина. Главниот акцент беше ставен врз објектот на Сарајот, градба која датира од почетокот на минатиот век. Во оваа импозантана градба во Ресен, сместени ... Read More »

Во вторник ќе се оддржи првиот Граѓански форум во Ресен

На 14 ноември 2017 година, во вторник, со почеток во 12:30 часот во големата сала на Oпштина Ресен, ќе се реализира првиот граѓански форум кој има за цел идентификување на проблеми во заедницата. На форумот се поканети да земат учество сите заинтересирани граѓани кои живеат на територијата на Општина Ресен. Целите на оваа активност се поддршка на процесот за градење ... Read More »

Конституиран новиот Совет на Општина Ресен – Никола Станковски избран за претседател

Општина Ресен ја оддржа конститутивната седница на новиот Совет на општината, составен од 15 члена – по седум од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и еден од ДУИ. За претседател на Советот на Општина Ресен е избран Никола Станковски од советничката група на СДСМ. Наскоро се очекува да биде усвоена и Програма за работа на Советот на Општина Ресен.       Read More »

Закажана конститутивна седница на Советот на Општина Ресен

За среда, 1 ноември, досегашниот претседател на Советот на Општина Ресен Методија Пашковски ја закажа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Ресен, кој брои 15 членови. На седницата се очекува да се изврши верификација на мандатите на членовите на Советот и да се изврши избор на Претседател на Советот на Општина Ресен. Седницата ќе се оддржи во ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online