Најново
Home » Спорт

Спорт

ФК Преспа денес ја пречекува екипата на ФК Октиси на Градскиот стадион во Ресен

Во рамките на 3 коло од Третата Македонска Фудбалска Лига – Југозапад, денес (10.09.2017) ќе бидат одиграни вкупно седум натпревари. На Градскиот стадион во Ресен, екипата на ФК Преспа ќе биде домаќин на ФК Октиси, додека пак Фк Лирија од Грнчари густува во Могила кај ФК Могила Бимилк. Почетокот на натпреварите е закажан за 16 часот. Read More »

Голејада во Ресен во првото коло од новата фудбалска сезона – ФК Преспа го ‘бомбардираше’ ГФК Охрид со 4-1

Уште на стартот од новата сезона во Третата Македонска Фудбалска Лига – Југозапад, екипата на ФК Преспа на своите фанови им приреди вистинска голејада, ‘бомбардирајќи’ го ГФК Охрид Лихнидос со резултат од 4-1 во натпреварот кој вчера се одигра на Градскиот стадион во Ресен. Ова е само потврда за решителноста на ресенските ‘сино-бели’ кои ги најавија своите амбиции за освојување ... Read More »

Започнува 19-от меѓуопштински турнир во мал фудбал

Денес, 7 јуни, со почеток во 19 часот, во спортската сала во Ресен започнуваат натпреварите од традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал, што веќе 19 години по ред се одржува во градот. Учество на турнирот ќе земат 16 фудбалски екипи од Преспа, Скопје, Охрид, Битола, Прилеп и Демир Хисар. За посетителите ќе бидат организирани и неколку пријатни изненадувања – од наградни ... Read More »

Се одигра последното коло од натпреварувачката сезона 2016/2017 во 3 МФЛ-Југозапад

Со одигрувањето на 26 коло денес финишираше натпреварувачката сезона 2016/2017 во Третата Македонска Фудбалска Лига – Југозапад. Екипата на ФК Преспа својот последен натпревар од оваа сезона го одигра на домашен терен во Ресен против шампионот ФК Струга-Трим-лум, забележувајќи пораз од 2-4. Пред домашна публика сезоната ја заврши и тимот на ФК Лирија од Грнчари, победувајќи со 4-3 против ФК ... Read More »

ФК Преспа победник во локалното дерби против ФК Лирија

Екипата на ФК Преспа беше подобриот противник во денешниот локален дерби дуел кој се играше на Градскиот стадион во Ресен. Во возбудливиот голгетерски исполнет натпревар, ресенските ‘сино-бели’ триумфираа со резултат од 3-2 против локалните колеги ФК Лирија од Грнчари, и со тоа се искачија на шестата позиција на првенствената табелата, прстигнувајќи ги токму ‘Грнчарци’. Следниот викенд, во сабота (15.04), ФК ... Read More »

ФК Преспа против ФК Лирија од Грнчари – “Преспанско дерби” денес во 16 часот

Денес, во рамки на 19 коло од Третата Македонска Фудбалска Лига – Југозапад, силите ќе ги одмерат двете екипи од нашата општина – ФК Преспа од Ресен и ФК Лирија од Грнчари. Натпреварот ќе се игра на Градскиот стадион во Ресен, а почетокот е закажан за 16 часот. Во моментов двете преспански екипи се наоѓаат на шестата и седмата позиција ... Read More »

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online