Најново
Home » Галерија » Дождливото време ги испразни плажите

Дождливото време ги испразни плажите

Температурите на воздухот за време на викендот значително паднаа, а Преспа ја зафати влажен воздушен бран проследен со врнежи и изразито силен ветар. Вчера во Преспа беа измерени температури од 16 степени целзиусови, а денес, облачното и ветровито време на површина ги исфрлија сите нијанси на водите на Преспанското Езеро – сива, зелена, сина и бела.

Песочните плажи долж Преспанската ривиера останаа празни, освен со неколкумина посетители облечени во есенска гардероба.

Од утре, според синоптичарите, следува период на стабилно време, со пораст на дневната температура, која кон крајот на неделава, ќе се движи во интервал од 28 до 32 степени, со што и се очекува плажите повторно да бидат запоседнати од летноодморците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online