Најново
Home » Најнови вести » Голејада во Ресен во првото коло од новата фудбалска сезона – ФК Преспа го ‘бомбардираше’ ГФК Охрид со 4-1

Голејада во Ресен во првото коло од новата фудбалска сезона – ФК Преспа го ‘бомбардираше’ ГФК Охрид со 4-1

Уште на стартот од новата сезона во Третата Македонска Фудбалска Лига – Југозапад, екипата на ФК Преспа на своите фанови им приреди вистинска голејада, ‘бомбардирајќи’ го ГФК Охрид Лихнидос со резултат од 4-1 во натпреварот кој вчера се одигра на Градскиот стадион во Ресен.

Ова е само потврда за решителноста на ресенските ‘сино-бели’ кои ги најавија своите амбиции за освојување на тронот во новата сезона 2017/2018, за која велат дека ќе биде исполнета со одличен фудбал и многу голови, и со тоа достојно да го одбележат 99-от роденден на клубот и неговата богата историја.

Општинските колеги ФК Лирија-Грнчари во својот прв натпревар оваа сезона загубија на гостувањето во Кравари кај истоимената екипа со резултат од 3-0.

Во следното коло, кое ќе се игра на 03.09 (Недела), ФК Преспа ќе му гостува на ФК Воска – Охрид, додека пак ‘Грнчарци’ ќе атакуваат по своите први бодови на домашен терен против ФК Баир Кркардаш. Почетокот на натпреварите е закажан за 16 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online