Најново
Home » Политика » Годишно обраќање на Градоначалникот до советниците – усвоен буџетот на Општина Ресен за 2014

Годишно обраќање на Градоначалникот до советниците – усвоен буџетот на Општина Ресен за 2014

Советот на Општина Ресен, под претседателство на претседателот Методија Пашковски, денес ја одржа последната седница во 2013 година.

Тоа беше можност и за новогодишно обраќање на Градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски до советниците и граѓаните на Ресен и Преспа. Како што рече Стрезовски, вообичаено е во последните денови од годината да се сублимираат постигнатите резултати и да се планираат нови активности за следната година која најискрено посакувам да биде подобра од предходната, да ве служи здравје, среќа и да имате успех на сите полиња во животот, истакна Градоначалникот Стрезовски, за кого пак, граѓаните кои успеавме да ги анкетираме велат дека се видливи позитивните промени од практицирањето на локалната власт, и дополнуваат, Стрезовски е политичар кој се обидува да внесе одговорност во политичкиот ангажман. Покрај новогодишните честитки, Градоначалникот се осврна и на реализираните проекти во изминатите осум месеци од превземањето на локалната власт и најави два особено значајни проекти кои ќе бидат реализирани следната година – реконструкција на водоводната мрежа од градскиот водовод Крушје-Ресен и целосна реконструкција на градското осветлување, проекти за чија реализација веќе  се обезбедени над 1,5 милиони евра.

Економските состојби на макро и микро ниво, односно макро-економските индикатори и движењата на економските параметри во општината и балансната рамнотежа помеѓу постојните приходи и потребите за расходи во согласност со постојните закони и политики се главните цели врз кој е проектиран Буџетот на Општина Ресен за 2014 година, усвоен на денешната седница на Советот на општината.

sovet na opstina 25.12.2013

Предлог буџетот за 2014 година е проектиран на 286 милиони денари, од кои што над 130 милиони се расходи за административниот буџет, 7 330 000 денари се планирани како трошоци за изградба и реконструкција на патишта и улици, исто толку финансиски средства се планирани за изградба на системи за водоснабдување итн. Всушност буџетот на општината за наредната година е изготвен како единствен буџет кој ги содржи планираните расходи за потребите на Советот, Градоначалникот, управните и административните органи и пооделните програми на јавните општински претпријатија и установи. Со еден збор, при изготвувањето на буџетот за 2014 година во целост се почитуваше принципот на буџетска дисциплина и рационално и ефикасно искористување на нивните приходи и истовремено намалување на непродуктивните трошоци и обезбедување на поголем простор за развојни инвестиции.

Советниците на денешната седница ја усвоија и програмата за работа на Советот на Општина Ресен за 2014 година. Програмата опфаќа теми кои произлегуваат од самостојната надлежност на општината, како и теми од заедничка надлежност на општините со државните органи, притоа водејќи сметка темите да бидат во функција за задоволување на интересите и потребите на граѓаните од подрачјето на општината. Програмата дава ориентациони рамки за работа на советот, истата е отворена и може да се надополнува со прашања кои се од непосреден интерес за граѓаните од локално значење.

На седницата беа усвоени и повеќе други одлуки и програми од областа на здравствената заштита, животната средина и градската инфраструктура.

Почетокот на седницата беше следен и од група ученици од трето одделение од основното училиште “Мите Богоевски” кои низ разговор со претседателот на Советот имаа можност да се запознаат со работата на советниците, а предходно учениците остварија средба и со Градоначалникот на Општина Ресен, интересирајќи се за неговата работа.

tretoodelenci priem kaj gradonacalnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online