Најново
Home » Најнови вести » Гошаревски ја презеде градоначалничката палка од Стрезовски

Гошаревски ја презеде градоначалничката палка од Стрезовски

Во пријатна и конструктивна атмосфера, во градоначалничкиот кабинет на Општина Ресен, се изврши примопредавање помеѓу досегашнио градоначалник Ѓоко Стрезовски и новоизбраниот градоначалник на Општина Ресен Живко Гошаревски.

Претходно, претседателот на Општинската Изборна Комисија Кирил Тански им ги врачи решенијата за избор на градоначалникот Гошаревски и членовите на Советот на Општина Ресен.

Во таа прилика, новоизбраниот градоначалник Живко Гоашревски ја упати следната порака до граѓаните на Ресен и Преспа: “Во наредните четири години очекувам широка поддршка од сите советници, независно кој на која политичка партија припаѓа, во функција на потребите и решавање на проблемите на граѓаните на Ресен и Преспа. Воедно најавувам отвореност и транспаретност во работењето и доследно следење на пораката “Живот во Преспа”, со подеднаква поддршка кон сите граѓани, независно од националната, верската и политичката припадност.”

Во наредните денови се очекува и оддржување на конститутивната седница на Советот на Општина Ресен, на која ќе биде избран и новиот Претседател. Да потсетиме, во новиот советнички состас ќе членуваат по 7 советници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и еден од ДУИ. Каде ќе превагне тасот, и под кои услови, ќе видиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online