Најново
Home » Најнови вести » Градоначалникот на Ресен во Брисел: “Општините во Р. Македонија застануваат исправено пред предизвиците кои ги носат во себе европските стандарди”

Градоначалникот на Ресен во Брисел: “Општините во Р. Македонија застануваат исправено пред предизвиците кои ги носат во себе европските стандарди”

Денес, на вториот ден од 9-от состанок на Заедничкиот консултативен комитет помеѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската Унија, што од 2-4 овој месец се одржува во Брисел, Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски, како дел од делегацијата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија, а во рамки на првата сесија од состанокот која се однесува на влијанието на односите ЕУ-Република Македонија врз локалните власти, имаше свое забележително обраќање.

Процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија е долг, комплексен и со себе носи големи предизвици. Ние, избраните лица, подвлече Градоначалникот Стрезовски, ја имаме одговорноста пред граѓаните, заеднички и преку разни реформи и политики да ги решиме отворените прашања. Програмите кои содржат значајни проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните во локалните средини треба да ги имплементираме, започнатото да го завршиме, бараното од граѓаните да го исполниме, што од своја страна ќе значи подготвеност на општините, а со тоа и на државата во целина, за влез во европското семејство.

gradonacalnik 2

Зборувајќи за реформите во областите кои се суштински за развој и унапредување на локалните самоуправи во Република Македонија, Градоначалникот Стрезовски подвлече дека општините во Република Македонија застануваат исправено пред предизвиците кои ги носат во себе европските стандарди, процесот на ЕУ интеграцијата, децентрализацијата и секојдневните потреби на граѓаните. Комитетот на региони како силен подржувач на процесот на проширување на Европската Унија, односно Заедничкиот консултативен комитет е место каде заеднички треба да ја издигнеме локалната демократија на повисоко ниво.

Коментирајќи ја препораката на Европската комисија за “потребата од забрзување на напредокот во областа на децентрализацијата на власта и регионалниот развој, обезбедување на соодветни ресурси и координација помеѓу соодветните органи”, Градоначалникот Стрезовски истакна дека политиките и заложбите на ЗЕЛС во таа насока се видливи и препознаени од општините, но и од централната власт која Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) ја препозна како сериозен партнер во градење на политиките во интерес на општините и нивните граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online