Најново
Home » Колумни » Граѓаните ја бараат смислата на своето политичко влијание

Граѓаните ја бараат смислата на своето политичко влијание

Можноста да се дебатира по одредени прашања во општеството само ја унапредува демократијата, да – демократијата, а не охлократијата. Тоа е така, затоа што овој вид демократија се смета дека е позначаен од непосредната демократија, дека избраните претставници (советници, пратеници) се “просветлени” личности кои гледаат подалеку од оние што ги избрале.

Граѓаните се веќе презаситени од оние што ги претставуваат во јавната сфера и не веруваат во идејата за прогресот дека автоматски утре ќе биде подобро само ако се промени власта. Соочени се со груба реалност која ги опкружува од повеќе страни.

Граѓаните веќе ја бараат смислата на своето политичко влијание, ја напуштаaт послушноста на политичките водства и се обидуваат да стапат непосредно на политичката сцена и да ја покажат својата индивидуалност, затоа што стручноста и посветеноста кон обврските е одлика на одговорни луѓе со сопствен интегритет. Всушност, интелектуалецот нема потреба од ‘чопорлок’.

Знаењето станува главен адут и единствено оружје со кое човек може да се одбрани од ниски, небулозни удари и од т.н. ‘квазиинтелектуалци’. За една личност да биде интелектуалец, покрај знаењето и компетентноста, треба да поседува и некои карактеристики кои ги немаат другите и кои се разликуваат од останатите. Најпрвин, тоа се трудољубиви луѓе кои што имаат своја идеја и се стремат кон остварување на својата цел. Интелектуалец е личност која во својот карактер треба да ја има филантропската димензија. Не смее интелектот, како свое најголемо оружје, да го злоупотреби за свое материјално обезбедување на сметка на другите, само затоа што поради својата позиција добива доверба.

Доколку една личност е одговорна за себе, таа е одговорна и за сите други. Високото ниво на општествената одговорност на интелектуалецот го доведува на повисоко ниво на пиедесталот од другите, затоа што неговиот труд вложен во корист на општеството во кое делува и егзистира е повеќе од корисно.

Не може партијата да биде над се’. Во средиштето на секое општество треба да биде човекот и неговата среќа. Општеството не го сочинуваат партиите, туку слободни луѓе, со слободна мисла и интегритет, со сопствена идеја и труд, кои сите заедно ќе се грижат за својата општествена заедница, за својата среќа и благодет на сите членови на заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online