ПЗУ “Д-р Пашковски” – Ресен работи неполни 8 години, а веќе се здоби со респектабилен углед и реноме на квалитетна приватна здравствена установа. Во неа се вработени 6 медицински лица, од кои 2 лекари, еден специјалист педијатар и лекар од опша пракса, а работното време им е од 8 до 20 часот. Покрај општите прегледи овде може да се изврши и ЕКГ и ЕХО преглед, да се добијат инхалации, инфузии, да се прават преврски, интермускулни и венозни инекции и други здравствени услуги.
Во склоп на ПЗУ “Д-р Пашковски” работи современо опремена лабараторија, каде што може да се изврши проверка на крвната слика, шеќер во крвта, маснотии во крвта, мокрачна киселина итн.
За работата на оваа установа, за квалитетот на услугите, како и за односот на здравствениот персонал спрема пациентите, можат да се слушнат само пофални зборови од сите оние кои овде ги користеле здравствените услуги.
Кога ја посетивме ПЗУ “Д-р Пашковски” ја затекнавме онаа вообичаена слика: мобилен персонал и пациенти, кои и покрај болеста што со себе ја носат, ја истакнуваат грижата и напорите што за нив ја прават Д-р Методија Пашковски-специјалист педијатар, и Д-р Билјана Пашковска, за подобрување на нивната здравствена состојба.