Најново
Home » Живот » ХаТекс Ресен има потреба од нови работници – месечна плата од 13 000 денари

ХаТекс Ресен има потреба од нови работници – месечна плата од 13 000 денари

ХаТекс ДОО-Ресен е текстилна фабрика која се вбројува во редот на подобрите претпријатија од текстилната индустрија не само во нашава општина, туку и во Републиката. Како резултат на современата организација на работа, рационалното користење на постојните ресурси, точно утврдените производствени програми за познат купувач, навременото и целосно извршување на зацртаните планови, како и другите позитивни фактори на работење, ХаТекс – Ресен достигна ниво на целосна искористеност на капацитетите, а квалитетот на производите обезбедува сигурен пласман на пазарите во странство.

Како резултат на ваквото работење, во компанијата се појави потреба за нови вработувања. Деновиве, ХаТекс објави оглас за вработување на нови работници, чија месечна плата би изнесувала над 13,000 денари. Заинтересираните, за поблиски информации, да се јават во ХаТекс – Ресен.

Вработените во ХаТекс – Ресен имаат одлични услови за работи, а нивната поризводна палета постојано се зголемува. Низ работните линии поминуваат работни униформи за сите дејности – работни комбинизони, јакни, елеци и други видови на производи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online