Најново
Home » Бизнис » ХаТекс Ресен – “Во чекор со потребите на странскиот пазар“

ХаТекс Ресен – “Во чекор со потребите на странскиот пазар“

???????????????????????????????

На вкупна површина од 5000 метри квадратни, на просторот на некогашниот текстилен гигант ПреспаТекс, сместени се производствените објекти на ресенски “ХаТекс”, чија основна дејност е прозводство на конфекциски производи, а вработени се над 200 работници, од кои 90% се жени.

IMG_20131227_124359

Повеќе години со ред “ХаТекс” ДОО-Ресен се вбројува во редот на подобрите претпријатија од текстилната индустрија не само во нашава општина, туку и во Републиката, како во поглед на остварувањето на планските задачи, така и во поглед на постигнатите производствени и деловни резултати од работењето. Во сите овие изминати години од своето постоење, како резултат на современата организација на работа, рационалното користење на постојните ресурси, точно утврдените производствени програми за познат купувач, навременото и целосно извршување на зацртаните планови, како и другите позитивни фактори на работење, “ХаТекс” – Ресен достигна ниво на целосна искористеност на капацитетите, а квалитетот на производите обезбедува сигурен пласман на пазарите во странство. Веќе 45 години, “ХаТекс” – Ресен врши лон-услуги за холандската фирма „ХаВеп-Импекс“, изработувајќи работни униформи за сите дејности – работни комбинизони, јакни, елеци… Минатата година успеа да произведе 170 000 единици од овој вид на производи.

Унапредувањето на производствениот процес, напорите во остварувањето на утврдените задачи и соработката со нашиот традиционален партнер од Холандија „ХаВеп-Импекс“, треба да бидат темел на нашето идно работење” – вели директорот на “ХаТекс” ДОО Ресен Јованчо Рајчановски. Но остварувањето на сите овие задачи, додава тој, бара инвентивност и постојано креативно залагање на секој работник.

IMG_20131227_122946

Јованчо Рајчановски

Ако кон сето ова се додадат и другите позитивни текови и движења сврзани со работењето на “ХаТекс” ДОО Ресен, се чини дека постојат сите предуслови за уште подинамичен и поуспешен развој на ова друштво.

IMG_20131227_124345

Она што “ХаТекс“ дополнително ја издвојува како една од водечките компании во регионов е и нивната посветеност кон заедницата каде што практично ја демонстрираат општествената одговорност и се вклучени како главен помагател и спонзор на повеќе спортски клубови и невладини организации од општинава.

???????????????????????????????

???????????????????????????????

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online