Најново
Home » Живот » И Ресен го има проблемот со кучиња-скитници

И Ресен го има проблемот со кучиња-скитници

Веќе извесно време во Ресен, посебно во центарот на градот, шетаат кучиња кои покажуваат агресивност, што може да прерасне во сериозен проблем. Деновиве, на социјалните мрежи проструи вест дека кучиња скитници нападнале и еден ученик кои се враќал во својот дом, а за среќа поминал без последици.

Луѓето кои минуваат низ градскиот плоштад стравуваат да не бидат нападнати од кучињата-скитници кои покажуваат агресивност и меѓу нив самите. Потребата од итно превземање мерки за заштита од кучињата е повеќе од потребна.

Како што се шпекулира меѓу граѓаните, неодамна, чопор на кучиња, биле растоварени од камион марка „ТАМ“ без регистарски таблици во периферијата на градот кон селото Златари, што ќе рече кучињата во Ресен се „увезени“. Како и да е, проблемот е присутен и тој треба да се реши што поскоро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online