Најново
Home » Бизнис » Интервју: Александар Јањиќ, Генерален Директор на Свисслион ДОО Скопје

Интервју: Александар Јањиќ, Генерален Директор на Свисслион ДОО Скопје

swisslion agroplod 3

Swisslion ДOO Скопје е трговско друштво кое се занимава со трговија и услуги на големо и мало и е ексклузивен застапник и дистрибутер на целата палета на производи под брендот Swisslion. Во рамки на на оваа компанија работи и Swisslion Agroplod ДОО Ресен која произведува широка палета на производи меѓу кои спаѓаат низа кондиторски производи, снек производи, детска храна и цералии и кафе, како познатите брендови: RESSANA, AGROKREM , AGROKREM BLOK,  FLIPS , Coffee AGROPLOD . BONNY TOP, NUTRICEA итн. Swisslion се’ уште го има приматот за најупешна компанија од оваа индустрија во регионот. Тоа е повод за разговор со Александар Јањиќ, Генералениот Директор  на Прехрамбена Индустрија Свисслион ДОО Скопје.

aleksandar janjikj 2

Александар Јањиќ, Генерален Директор на Прехрамбена Индустрија Свисслион ДОО Скопје

PrespaInfo: Господине Јањиќ, како ја оценувате работата на Вашата компанија во изминатиов период од годинава?

Јањиќ: Полна со предизвици за кои треба проактивно да се одговори на променливото опкружување.

PrespaInfo: На што се должи успешниот ‘од на Вашата компанија со оглед на тоа што конкуренцијата во Вашата бранша не е мала?

Јањиќ: Успешноста се должи поради грижата за нашите потрошувачи секогаш да добијат нешто ново со подобар квалитет, а со прифатлива цена.

PrespaInfo: Во кој правец Swisslion Agroplod ќе се развива во наредниот период?

Јањиќ: Свисслион Агроплод  во наредниот период ќе се развива во припрема на чоколада и чоколадни кремови како за потребите на Ресана бисквитиот во  Ресен така и за Софти бисквитот во Скопје и дражираниот програм во Скопје.

PrespaInfo: Постојаното учење и усовршување е основен предуслов за раст, развој и успех на секоја компанија. На кој начин Вие во Swisslion тоа го правите?

Јањиќ: Системот Свисслион има повеќе фабрики на  повеќе локации во Босна и Хергцеговина и Србија. Заедно, нашите тимови во развој и произвоство континуирано се усовршуваат и заеднички ги имплементираат сите новини кои ни доагаат од западот, а не ретко и самите се иноватори на нешто ново и интересно во кондиторската индустрија. Со заеднички сили и поврзан процес на произвоство од сировина до готов производ, СЛ технологијата гарантира за слаткото уживање.

swisslion proizvodi 2

PrespaInfo: Swisslion Agroplod долги години грижливо го градеше својот бренд на пазарот, што беше и пресудно за успех. Кој производ од широката палета на производи според вас е Супер бренд на компанијата?

Јањиќ: Секако Ресана бисквитот. Свисслион Агропплод на своите потрошувачи како новитет годинава ја пушти во продажба Какао Ресана.

swisslion resani

PrespaInfo: Колкав е бројот на вработени во компанијата во моментов? Има ли можност за зголемување на производствените капацитети и со тоа и бројот на вработени?

Јањиќ: Во моментот групацијата Свисслион и нејзините поврзани друштва во Македонија вработува 600 луѓе. Оптимистички гледано постои простор за зголемување на капацитетите секако и на нововработени во системот.

resani proizvodstvo 1

PrespaInfo: Како опшествено одговорна фирма, компанијата Swisslion вложува во развојот на локалната заедница. На кој начин тоа го правите и какви резултати постигнавте досега?

Јањиќ: Локално гледано Свисслион и Агроплод ги стави во функција сите свои објекти во Ресен, најголем дел за сопствена употреба, дел како заедничко партнерство со локалниот бизнис сектор и дел под наем.

swisslion agroplod resen 2

PrespaInfo: Што да очекуваат Ресенчани – ќе има ли разврска на сопственичките односи за хотелот Китка во центарот на Ресен и што ќе биде со него?

Јањиќ: Во моментот Хотелот Китка е на продажба и се надеваме дека новиот сопственик согласно нашите нацрти кои неможевме да ги реализираме заради противење на инвестирањето во Агроплод од страна на еден од сопствениците, ќе добие ново и модерно катче каде што Ресенчани со задоволство ќе го минуваат своето слободно време.

PrespaInfo: Господине Јањиќ, Ви благодариме на одвоеното време за ова интервју и Ви посакуваме многу успех во исполнувањето на Вашите работни обврски.

Јањиќ: Ви благодарам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online