Најново
Home » Интервјуа » ИНТЕРВЈУ со Андреј Андреев, сертифициран дизајнер за пасивни куќи во Македонија

ИНТЕРВЈУ со Андреј Андреев, сертифициран дизајнер за пасивни куќи во Македонија

Пред неколку дена во Скопје, беше одржана презентација на почетокот на градењето на првата високо енергетски ефикасна и пасивна зграда во Република Македонија „Водњанка“ од македонската градежна компанија ЦИВКОН.

Денеска на PrespaInfo разговараме со г-дин Андреј Андреев, сертифициран дизајнер за пасивни куќи во Македонија кој ќе ни каже повеќе за целиот концепт на пасивна куќа и зошто преспанчани би требало да размислат за ваков тип на инвестиција.

Andrej Andreev

PrespaInfo: Пред извесно време, во јавноста се појавивте со нов концепт на градење во Македонија. Го нарековте Револуција во градежништвото. На што се должи оваа констатација?

 – Комплетниот пристап кон овој проект е сосема различен од она што досега се случуваше кај нас. Од именувањето на проектот “Водњанка” се до последниот вграден материјал во објектот, работиме темелно, аналитички и во интерес на идните станари. Сакавме, сакаме и веќе успеваме да направиме не само обична зграда, туку репер за препознавање, по кој во иднина ќе се ориентираат луѓето од Македонија. Како локациски, така и по квалитетот на градба. Ставаме меѓа помеѓу ерата пред и ерата после Водњанка.

Не знам дали „нов концепт” е вистинскиот збор за она што го правиме. Попрво би го нарекол нов пристап. Се работи за поставување на нови повисоки стандарди во изградбата, комбинирани со напредни технологии, кои веќе со години се применуваат во развиените земји. Со ова сериозно високо го подигнуваме квалитетот на живеење и со секој ден од нашето работење, ќе одиме уште понатаму, подигајќи го квалитетот се повисоко. Сметам дека тоа е во интерес на идните купувачи на станови и корисниците на градежни услуги во Македонија. Од сега јавноста ќе има репер што е тоа квалитетен стан, што е удобно живеење и што е енергетска ефикасност. Но, за мене, уште поважно е тоа што во голема мера ќе придонесеме кон заштитата на планетата.

Веќе ништо нема да биде исто во градежништвото. Го правиме првиот суштински квалитетен станбен објект кај нас.  После 25 години работно искуство тука и насекаде низ Европа, после огромен број проекти во кои сум бил вклучен, без двоумење може да кажам дека правиме револуција. Не само што правиме исклучително штедлив објект, туку и објект со многу висока удобност за живеење. Во Водњанка постигнуваме исклучително добра звучна изолираност на становите кон надвор, но и кон влезот и соседите. Направена е заштита од влијанијата од подземните води врз здравјето на луѓето. Вградуваме еколошки, рециклирачки и висококвалитетни материјали и опрема. Влезниот хол е простран и пријатен, со површина од 40м2 и посебни простории за електричните броила и поштенските сандачиња, а лифтот е еден од најдобрите светски брендови и е за за 7 луѓе. Објектот е проектиран и се изведува според Фенг Шуи филозофијата, а дополнително и секој стан ќе се прилагоди кон идните жители.

pasivna kukja

PrespaInfo: Што значи оваа револуција за идните сопственици на станови, а што за општеството?

 – Луѓето наместо да се грижат колкави месечни трошоци ќе имаат во станот, ќе пресметуваат колку заштедиле. Притоа, удобноста, мирот, убавиот сон, подобрената работоспособност и доброто здравје ќе бидат подигнати на највисоко ниво досега во Македонија.

Ваквиот концепт гарантира 3 до 6 пати помали трошоци за греење и ладење во однос на веќе изградените станови а вкупните сметки за струја, за греење и за ладење, ќе бидат 2 до 3 пати помали. Зголемената работоспособност, намалениот стрес и подобреното здравје директно влијаат за подобар напредок на општеството, но и на секој станар во објектот.

Ако на сето ова додаме дека се работи за објект со само 17 станови и дека е лоциран под падините на Водно, во близина на клиничкиот центар и Т.Ц. Зебра, на само десетина минути пешачење од плоштадот Македонија, а во потполн мир и зеленило, станува јасно дека оваа зграда дава најмногу што е можно за жителите во неа.

Според мене, најголемата придобивка од Водњанка е намалената емисија на јаглероден двооксид во атмосферата, како резултат на намалените потреби од енергија. И тоа за повеќе од 23 тони годишно. Планетата не сме ја наследиле од нашите родители, туку само ја позајмуваме од нашите деца и затоа секој од нас носи огромна одговорност да се грижи за неа.

PrespaInfo: Овој енергетско ефикасен објект е од класа „А+“ и класа „Б“. Што претставуваат овие класификации?

– Според потребите од енергија за греење и ладење за одржување на константна температура, објектите се класифицираат во која енергетска класа спаѓаат. Становите во Водњанка имаат потреби од енергија за греење и ладење од 42 до 50 kWh/m2/годишно што ги става во класата „Б”. Колку за споредба, најголемиот дел од новоизградените објекти во РМ имаат потреби од енергија за греење и ладење поголеми од 150 kWh/m2/годишно, а сосема мал дел се со потреби над 120 kWh/m2/годишно. Кај старите објекти, овие потреби се и над 250 kWh/m2/годишно. Важно е да се знае дека овие вредности се проектирани за просечна зимска температура од -6,7 степени Целзиусови, а веќе во подолг период, вакви ниски температури не се карактеристични за Скопје.

Последниот спрат од објектот е енергетски ефикасен класа “А+” или т.н. стандард “Пасивна Куќа”. Ова не само што е највисокиот енергетски стандард, туку е и највисокиот комфорен стандард во светот. Воздухот кој е целосно прочистен од гасови и честички, без прашина и со константна влажност, какои речиси апсолутната воздухонепропустливост на објектот и промената на целиот воздух на секои 3 часа, даваат климатски услови идентични на 1400 метри надморска височина. Пасивниот апартман во Водњанка ќе побарува само 11,8 kWh/m2/годишно енергија за греење и ладење и само 82 kWh/m2/годишно вкупна енергија. Ние сме горди на фактот што ова е прв објект во светот каде само еден спрат е со стандард Пасивна Куќа.

Цената на 1 kWh во Македонија е околу 4 денари. Читателите ќе можат да си „играат“ весела математика и да направат споредба на своите сметки за струја, греење и ладење со оние што ќе ги имаат жителите во Водњанка. Секако треба да бидеме реални, колку и нам тоа да не ни се допаѓа, но цената на енергенсите во светот а посебно во Македонија, рапидно ќе растат во краток рок.

ul_izm (4)

PrespaInfo: Според Вас, ова е единствен ваков објект во Македонија. Досега во јавноста биле промовирани и други енергетско- ефикасни станбени објекти. Што е она што Водњанка ја издвојува од останатите во понудата на пазарот?

 – Ова е прв објект со така висока енергетска ефикасност (класа “А+” и “Б”). За прв пат се елиминирани топлинските мостови кај бетонските балконски плочи и топлинските мостови од монтажа на прозорците. Прв пат се третираат воздухонепропустливоста и се преземени мерки за заштита од влијанијата од подземните води врз здравјето на луѓето. Прв објект целосно усогласен со Фенг Шуи принципите и прв објект кој обединува толку многу работи во полза на станарите. Прв објект со стандард Пасивна Куќа во Македонија и прв објект во светот каде само еден етаж е Пасивна Куќа. Оние што ги интересира, каталогот со многу подетални информации можат да го погледнат на овој линк:

http://issuu.com/civkonagi/docs/katalog_vodnjanka

PrespaInfo: Одлучивте зградата да ја правите согласно фенг шуи принципите. И ова е нов пристап во градежништвото. Зошто?

 – Фенг Шуи е древна кинеска вештина за удобно и здраво живеење. Повеќе од 3000 години искуство и знаење, преточени во принципи и правила, во служба на мир, благосостојба и добро здравје. Се повеќе луѓе во светот се приклонуваат кон овие принципи, а најголемите и најнапредни светски метрополи комплетно се прилагодуваат кон оваа филозофија.

Решивме дека ако веќе сме револуционери, тогаш да бидеме такви до крај. Токму затоа, во интерес на нашите клиенти и идните станари во Водњанка, во објектот ги применивме сите мерки и правила препорачани од оваа филозофија на живеење.

PrespaInfo: На крај и најважното кога се очекува становите да бидат пуштени во продажба и колку ќе чини еден ваков стан? Зошто би требало некој да купи ваков стан?

 – Објектот веќе е во изградба и уште една новина е тоа што на нашата фејсбук страница може да се следи изградбата, како и сите вештини, знаења и новитети кои ги применуваме. Становите се пуштени во продажба и како и што очекувавме, интересот е навистина голем.

Сигурен сум дека очекувате да слушнете многу висока цена за становите во Водњанка, но вака ќе одговорам: чинат 10% поскапо, трошат 3 пати помалку а здравјето нема цена. Мислам дека дадов доволно податоци за секој да може да пресмета колку ќе чини еден стан после 10 или 20 години користење, бидејќи според мене, тоа е вистинскиот принцип на мерење на цената на еден стан. Тоа во светот се вика идна вредност на објектот и при проценките, таа е меродавна.

И еве за крај, искрено ќе кажам зошто мислам дека треба да се инвестира во ваков стан. Не случајно употребив збор инвестира наместо купи, бидејќи купувањето недвижност треба да претставува добра инвестиција, а не неповратен трошок. Прво, доколку сакате да имате стан каков што никој нема, сега можете да го имате. Второ, ако сакате стан кој ќе штеди пари, Водњанка е вистинскиот избор. Ако сакате вложените пари, со секој изминат ден да ја зголемуваат својата вредност, правилниот избор на стан е од витално значење. Доколку се грижиме за своето и за здравјето на своите блиски, доколку сакаме мир и благосостојба и доколку мислиме на следните генерации, не би требало да имаме дилема дали ова е вистинскиот избор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online