Најново
Home » Интервјуа » Интервју со д-р Даринка Мицевска

Интервју со д-р Даринка Мицевска

Со до­а­ѓа­ње на зи­ма­та се акту­а­ли­зи­ра­ат бо­ле­сти­те ка­ко аст­ма, брон­хи­тис, брон­хоп­нев­мо­ни­ја. Спо­ред не­кои ста­ти­сти­ки, ду­ри 870 ил­ја­ди гра­ѓа­ни во Ма­ке­до­ни­ја бо­ле­ду­ва­ат од рес­пи­ра­тор­ни бо­ле­сти, а се­кое тре­то де­те во Ма­ке­до­ни­ја има алер­ги­ја. Во Оте­ше­во ве­ќе 35 го­ди­ни по­стои За­вод за пре­вен­ци­ја и ле­ку­ва­ње на рес­пи­ра­тор­ни за­бо­лу­ва­ња ка­де што се ле­чат нај­те­шки­те слу­чаи. Кај нас мо­же да се ле­ку­ва се­кој рес­пи­ра­то­рен бо­лен кој ве­ќе имал хос­пи­та­ли­за­ци­ја или не­ко­ја комп­ли­ка­ци­ја и да дој­де на про­дол­же­но бол­нич­ко ле­ку­ва­ње во Оте­ше­во, ве­ли д-р Да­рин­ка Ми­цев­ска, ди­ре­ктор­ка на За­во­дот.

Darinka-Micevska

Примариус д-р Даринка Мицевска

Спо­ред не­кои ста­ти­сти­ки, ду­ри 870 ил­ја­ди гра­ѓа­ни бо­ле­ду­ва­ат од рес­пи­ра­тор­ни бо­ле­сти. Од нив 22 от­сто или ре­чи­си 200 ил­ја­ди има­ат бо­ле­сти на дол­ни­те диш­ни па­ти­шта? Ка­ко ја ко­мен­ти­ра­те оваа број­ка?

Д-р Мицевска: Број­ка­та е ре­ал­на, ду­ри мо­же да е и по­го­ле­ма. Но, оваа број­ка е мно­гу ви­со­ка не са­мо кај нас,ту­ку и на свет­ско ни­во и се дол­жи на за­га­ду­ва­ње­то на жи­вот­на­та сре­ди­на, на за­га­ду­ва­ње­то на воз­ду­хот. Бо­ле­сти­те на дол­ни­те диш­ни па­ти­шта по­себ­но се ма­ни­фе­сти­ра­ат во овој пер­и­од, ко­га поч­ну­ва­ат рес­пи­ра­тор­ни­те ин­фек­ции. На­стин­ки­те мо­же да се искомп­ли­ци­ра­ат и да пре­диз­ви­ка­ат вос­па­ле­ние на дол­ни­те диш­ни па­ти­шта. Рес­пи­ра­тор­ни­от си­стем е отво­рен, нај­при­ем­чив за кон­такт со над­во­реш­на­та сре­ди­на, за да вле­зат па­то­ге­ни­те ор­га­низ­ми. Чо­ве­кот на мо­же без ди­ше­ње. За­тоа отво­ре­но­ста на рес­пи­ра­тор­ни­от си­стем кон ин­фек­ции е мно­гу го­ле­ма. Нај­мал­ку два-три­па­ти го­диш­но во­зра­сен чо­век до­би­ва на­стин­ка, а де­ца­та ду­ри и до де­сет па­ти, та­ка што овие број­ки во­оп­што не се чуд­ни. Со ста­ти­сти­ка­та од „Мој тер­мин“ мо­же да се ви­ди точ­ни­от број на акут­ни и на хро­нич­но бол­ни.

Кои се нај­че­сти­те бо­ле­сти на дол­ни­те диш­ни па­ти­шта?

Д-р Мицевска: Гор­но­рес­пи­ра­тор­ни­те ин­фек­ции се поб­ла­ги и тие го оп­фа­ќа­ат но­сот, си­ну­си­те, уво­то, ла­рин­ксот. Во дол­но­рес­пи­ра­тор­ни­те ин­фек­ции спа­ѓа брон­хи­ти­сот, кој мо­же да би­де аку­тен и хро­ни­чен. Ако се искомп­ли­ци­ра хро­нич­на­та сли­ка, се до­би­ва брон­хи­о­лит, хро­ни­чен брон­хи­тис, ем­фи­зем, аст­ма, про­фе­си­о­нал­ни за­бо­лу­ва­ња. Мно­гу е го­ле­ма и ши­ро­ка па­ле­та­та на бо­ле­сти на дол­ни­те диш­ни па­ти­шта.

Освен за­га­де­ни­от воз­дух и ви­ру­си­те кои се по­че­сти во зи­ма, што дру­го ги пот­тик­ну­ва овие бо­ле­сти?

Д-р Мицевска: Огро­мен е бро­јот на при­чи­ни­те­ли за овие со­стој­би. Има­ме со­стој­би од до­ма­ќи­нот и со­стој­би од сре­ди­на­та, од­нос­но со­стој­би на па­ци­ен­тот кој мо­же да има на­ма­лен иму­ни­тет, и не­кои дру­ги про­прат­ни за­бо­лу­ва­ња. Мно­гу при­чи­ни од стра­на на до­ма­ќи­нот мо­же да ја акту­а­ли­зи­ра­ат оваа со­стој­ба. Освен за­га­де­ни­от воз­дух, ту­ка се уште и пу­ше­ње­то ци­га­ри, не­зе­ма­ње со­од­вет­на ис­хра­на, фа­кто­ри­те на око­ли­на­та, ра­бо­та во за­га­де­ни про­сто­рии, кон­та­кти со бол­ни ли­ца, пре­стој во за­душ­ли­ви и во за­тво­ре­ни про­сто­рии, епи­де­ми­ја на не­кој ви­рус. Она што нај­че­сто го де­ста­би­ли­зи­ра ор­га­низ­мот се на­стин­ки­те, кон­та­кти­те со бол­ни, не­до­вол­но вне­су­ва­ње теч­но­сти, не­кон­су­ми­ра­ње со­од­вет­на ис­хра­на, не­до­вол­но вне­су­ва­ње ви­та­ми­ни. По­треб­но е мал­ку ор­га­низ­мот да се де­ста­би­ли­зи­ра за да би­де сов­ла­дан од ви­ру­сот. За­га­де­ни­от воз­дух е по­себ­но ка­ра­кте­ри­сти­чен за Скоп­је. Во Скоп­је воз­ду­хот „пе­че“ ко­га го ди­шеш. Тоа е та­ка по­ра­ди из­дув­ни­те га­со­ви од авто­мо­би­ли­те.

Кои се ва­ши­те пре­по­ра­ки, ка­ко за во­зрас­ни­те, та­ка и и за де­ца­та?

Д-р Мицевска: Про­ве­тру­ва­ње на про­сто­ри­и­те, одр­жу­ва­ње на лич­на хи­ги­е­на, ми­е­ње ра­це, не­по­се­ту­ва­ње на бол­ни­те. Оние што се бол­ни мо­ра да ја „од­ле­жат“ на­стин­ка­та не­кол­ку де­на во кре­вет, со мно­гу теч­но­сти, анал­ге­ти­ци, ча­е­ви, ви­та­ми­ни. Да се ја­де мно­гу овош­је и зе­лен­чук. Де­ца­та да се ре­хи­дри­ра­ат. Мно­гу е важ­на и вак­ци­на­ци­ја­та, по­себ­но за хро­нич­ни­те бол­ни, кои би тре­ба­ло со вак­ци­на да се за­шти­тат од се­зон­ски грип. Мно­гу тре­ба да се вни­ма­ва во пре­вен­ци­ја­та, по­себ­но кај де­ца­та, ка­де што од ед­на обич­на рес­пи­ра­тор­на ин­фек­ци­ја, од еден оби­чен ри­нит мо­же да се до­бие и пнев­мо­ни­ја во нај­те­шка фор­ма.

Д-р Ми­цев­ска, вие сте ди­ре­ктор­ка на За­во­дот за пре­вен­ци­ја и ле­ку­ва­ње на рес­пи­ра­тор­ни за­бо­лу­ва­ња во Оте­ше­во. Кој се мо­же да се ле­ку­ва во тој За­вод и ка­ко па­ци­ен­ти­те да до­би­јат упат за та­му?

Д-р Мицевска: На­ши­от За­вод по­стои и ра­бо­ти од 1980 го­ди­на. Има­ме дол­га тра­ди­ци­ја и ние сме единс­тве­на здрав­стве­на уста­но­ва за ре­ха­би­ли­та­ци­ја на рес­пи­ра­то­рен си­стем во Ма­ке­до­ни­ја. Кај нас мо­же да се ле­ку­ва се­кој рес­пи­ра­то­рен бо­лен кој ве­ќе имал хос­пи­та­ли­за­ци­ја или не­ко­ја комп­ли­ка­ци­ја и да дој­де ка­ко про­дол­же­но бол­нич­ко ле­ку­ва­ње во Оте­ше­во. Ние има­ме фи­зи­ка­лен трет­ман за бол­ни, ки­не­зи­те­ра­пи­ја, веж­би за ди­ше­ње, дре­на­жи, кон­ди­ци­ски веж­би, ин­ха­ла­ции и дру­ги ме­то­ди кои им ја по­до­бру­ва­ат со­стој­ба­та. За­во­дот овоз­мо­жу­ва пре­вен­ци­ја, ле­ку­ва­ње и ре­ха­би­ли­та­ци­ја. Бол­ни­те од рес­пи­ра­тор­ни бо­ле­сти мно­гу тро­шат, по­себ­но па­ци­ен­ти­те кои се бол­ни од ХОББ (хро­нич­на оп­стру­ктив­на бе­ло­дроб­на бо­лест), бол­ни­те од аст­ма, исто та­ка, ко­ри­стат ска­пи ле­ко­ви и цел­та е да се на­ма­лат ни­ви­те по­се­ти кај до­ктор. Нај­бит­но е да се на­ма­ли бро­јот на хос­пи­та­ли­за­ци­и­те и да се спре­чи ин­ва­лид­но­ста на овие бол­ни. Упа­тот се до­би­ва со пре­по­ра­ка од кли­ни­ки­те ка­де што пре­сто­ју­вал па­ци­ен­тот. Во пос­лед­ни­ве го­ди­ни има но­ви­на, со но­ви­от За­кон за здрав­стве­на за­шти­та па­ци­ен­тот мо­же да дој­де и пре­ку ма­тич­ни­от ле­кар.

Зо­што е од­бра­но Оте­ше­во, зо­што ток­му та­му се из­гра­ди овој За­вод?

Д-р Мицевска: Свет­ски екс­пер­ти пре­по­ра­ча­ле ту­ка да се из­гра­ди овој За­вод би­деј­ќи ги ис­пол­ну­ва си­те кри­те­ри­у­ми на Свет­ска­та здрав­стве­на ор­га­ни­за­ци­ја (СЗО) за ле­ку­ва­ње на рес­пи­ра­тор­ни бол­ни. Има сред­на над­мор­ска ви­со­чи­на, бла­го­при­јат­на кли­ма, сту­де­ни ле­та, бла­ги зи­ми, не­ма го­ле­ми ва­ри­ја­ции во тем­пе­ра­ту­ра­та, не­ма ни­ка­кви ае­ро­за­га­ду­ва­чи. Се на­о­ѓа на за­пад­ни­от брег од Прес­пан­ско­то Езе­ро и има ка­ра­кте­ри­стич­на кли­ма. Има су­дир на ве­тро­ви кои ду­ва­ат од Ја­дран­ско, Јон­ско, Сре­до­зем­но Мо­ре и од кон­ти­нен­та­лен дел. Се сме­та де­ка тој су­дир на ве­тро­ви­те е на сре­ди­на на езе­ро­то. Кај нас до­а­ѓа­ат нај­те­шко бол­ни­те па­ци­ен­ти.

Се ле­ку­ва ли брон­хи­ти­сот и да­ли не­из­ле­чен брон­хи­тис по не­кол­ку го­ди­ни мо­же да се раз­вие во не­што дру­го?

Д-р Мицевска: Акут­ни­от брон­хи­тис се ле­ку­ва. Хро­нич­ни­от брон­хи­тис мо­же да би­де та­ков со го­ди­ни, а мо­же да пре­ми­не  и во ХОББ. Тоа е по­те­шка со­стој­ба и но­си со се­бе и дру­ги при­друж­ни бо­ле­сти. Се ка­ра­кте­ри­зи­ра со на­ма­лу­ва­ње на кис­ло­род во кр­вта, те­шко исфр­ла­ње на јаг­ле­род ди­о­ксид од бе­ли­те дро­бо­ви, на­ру­шу­ва­ње на га­со­ви­те. Овие бол­ни се за­вис­ни од кис­ло­род и обич­но има­ат хи­пер­тен­зи­ја, ди­ја­бет… Се­га има мно­гу до­бри те­ра­пии.

Освен чи­сти­от воз­дух, ка­ква те­ра­пи­ја е по­треб­на за да се из­ле­чат бо­ле­сти­те на дол­ни­те диш­ни па­ти­шта?

Д-р Мицевска: Па­ци­ен­ти­те не ги ле­чи са­мо воз­ду­хот, ту­ку и те­ра­пи­ја­та е мно­гу обем­на и по­комп­лекс­на. Тоа се ле­ко­ви од гру­па­та на брон­хо­ди­ла­та­то­ри, кор­ти­ко­сте­ро­и­ди, ае­ро­со­ли, ан­ти­би­о­ти­ци. Ние да­ва­ме ин­ха­ла­тор­на те­ра­пи­ја ин­ди­ви­ду­ал­но до­зи­ра­на спо­ред по­тре­би­те на се­кој па­ци­ент. Ко­ри­ста е мно­гу го­ле­ма, ка­ко што ќе од­лу­чат ле­ка­ри­те спо­ред на­о­ди­те на бол­ни­от се да­ва­ат дре­на­жи, веж­би за ди­ше­ње во се­деч­ка и во ле­жеч­ка по­лож­ба, кон­ди­ци­ски веж­би, веж­би за јак­не­ње на по­мош­на­та рес­пи­ра­тор­на му­ску­ла­ту­ра, уче­ње на пра­вил­но ди­ше­ње со ди­ја­фраг­ма­та за да се зго­ле­ми ка­па­ци­те­тот на бе­ли­те дро­бо­ви. Мно­гу е ши­рок ди­ја­па­зо­нот на трет­ма­ни кај нас за бол­ни­те. Во пос­лед­но вре­ме има тен­ден­ци­ја на на­ма­лу­ва­ње на ан­ти­би­от­ска­та те­ра­пи­ја, но тоа не мо­же да се спро­ве­де кај си­те бол­ни. Тоа тре­ба да би­де пре­по­ра­ка за ге­не­ра­ци­и­те што рас­тат, тие да раз­ви­јат иму­ни­тет, да не се на­ру­ши рам­но­те­жа­та во иму­ни­от си­стем и по­лес­но да ги пре­бро­дат обич­ни­те рес­пи­ра­тор­ни за­бо­лу­ва­ња.

Извор: Република.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online