Најново
Home » Бизнис » Историјата продолжува !

Историјата продолжува !

Пред извесен период си дадов за задача да ги проучувам некои од најголемите светски принт и видео реклами кои го одбележаа 20 век и деценијата после тоа. Забележително беше тоа што голем процент од најдобрите реклами според многумина (јас ја проучував листата на Advertising Age) се однесуваат на брендови пиво.

Кога подлабоко ќе се размисли на таа тема зошто врвните светски маркетинг стручњаци се предизвикани рекламите за пиво повеќепати да ги вбројат во листата на реклами кои одбележале едно столетие и повеќе, за мене има едно логично објаснување:

За производителите на пиво, веројатно оценката дали една реклама за пиво е добра или лоша – ќе ја донесат врз база на финансискиот резултат што ќе следува како последица…и за нив тоа ќе биде уште една реклама чија примарна цел е да направи повеќе пари……. но за нас маркетерите, за сите вклучени во адвертајзинг индустријата, тие се многу повеќе…нешто кое го надминува самото пиво и нешто што сериозно ја дефинира улогата на поединецот во моменталниот општествен контекст со голема веројатност дека ќе има импликации на самата поп-култура.

Низ историјата се наметнаа три главни теми/концепти кога се работат реклами за пиво, тие се : ПРИЈАТЕЛИ, ЖЕНИ и СПОРТ.

Кога толку битни “фактори“ се “во игра“ во една реклама, неможе да се порекне дека нема да имаат влијание на нашата колективна “психа“ , дека нема за нив да зборуваме со нашите пријатели или да прифатиме дел од нивниот “јазик“ (се сеќавате на веќе легендарното “Wazzaaap“ кое доби своја “улога“ и во филмови, спотови итн..).

Да се разбереме :) не дека низ beer ads историјата не се сакало да се наметнат и други теми (“ сите пијат пиво“, “фамилијарни сцени“, хард-кор мажи (се сеќавате скоро и Ван Дам го зедоа )…), ако ги гледате првите принт реклами за пива ќе видите дека воопшто не им било лесно на тогашните адвертајзери при изборот на теми и дека мака мачеле да најдат место во тоа што јас го викам посветеност кон “вистински маркетинг“ ->комуницирање на вредности а не повик за акција …..почнале помалку конфузно.. но историјата ги насочила и ги дефинирала кон погоре споменатите.

Во Македонија пиварите (нормално заедно со маркетинг/ПР агенциите) пробале да протуркаат повеќе брендови на пиво кои со различни марктетинг кампањи се позиционирале за различни таргети. Нормално некои концепти поминале успешно и тие пива (брендови) успешно се врежале во колективниот дух а некои одбрале пат на “тесно таргетирање“ па добиле “клоца“ од потрошувачките трпези т.е. кафанските шанкови :) . Тоа не научи историјата ! Овој бизнис е многу динамичен и никако не остава комоција дека ако си тргнал на добар пат – таму вечно и ќе останеш ако не умееш да ги следиш “знаците“.

НЕ, тој “пат“ бара постојан напор, ангажман, доследност на вредностите кои се промовираат и постојано подобрување, зошто светската индустрија…..т.е. многу поважно….светската култура (и домашната нели) нема да чека ние да се прилагодиме како нам ни одговара, туку ќе не прегази а ние нема да знаеме што ни се случило.

Вчера имав прилка да ја погледнам новата реклама за СКОПСКО, која искрено ми предизвика големо внимание. Продукциски врвно скоцкана, модерна……..свежа, што би рекол мојот пријател Димче со кого редовно ги коментираме најновите реклами.

Реклама која и по својата техничка изработка и по својата порака ни го претстави Скопско во едно ново руво.

Реклама која се обидува да прави спој на традицијата, вредностите и способноста да се биде во тек со времето. Скопско наздравува за позитивноста, оптимизмот, верувањето во себе и верувањето во своите пријатели. Претставија нов слоган (“Едно е Скопско“) и нов визуелен идентитет со кој ќе се обидат да продолжат да ја раскажуваат приказната на брендот кој датира уште од 1924г., нова реклама која се обидува да ги следи трендовите на новото време и очекувањата на потрошувачите.

Новата реклама на Скопско е дело на агенцијата Меккен Скопје. Карактеристично за оваа кампања е и тоа што, како што велат од агенцијата, е целосен македонски производ, во режија на Даријан Пејовски. Снимана е во Македонија, со домашни глумци, статисти, на локација во Скопје.

Без сомнеж, реклама која отвори нова страница во долгата и богата историја на Скопско.

Автор: Борис Ефтимовски, маркетинг-менаџер

logom365

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online