Најново
Home » Најнови вести » Избирачкиот список за Локалните избори 2017 на јавен увид

Избирачкиот список за Локалните избори 2017 на јавен увид

Државната изборна комисија (ДИК) денес го усвои Извештајот за состојбата со Избирачкиот список, чиј јавен увид во општините и подрачните единици на Изборната комисија почнува од утре, а на интернет е достапен и од денеска. Граѓаните до 9 септември ќе имаат можност да проверат дали ги има во списокот за да го остварат своето гласачко право на локалните избори закажани за 15 октомври.

Во избирачкиот список ставен на јавен увид има 1.816.127 гласачи, односно е намален за 11.346 граѓани кои се избришани од него по разни основи како немање на живеалиште во Република Македонија, смрт и слично. Од ДИК велат оваа бројка не е конечна и можно e да дојде до нејзина промена по јавниот увид и теренската проверка. Конечната верзија на списокот треба да биде заклучена најдоцна до 24 септември.

Од утре стартува и собирањето потписи за независните кандидати за локалните избори закажани за 15 октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online