Најново
Home » Бизнис » Ќе го врати ли Swisslion сјајот на некогашниот македонски бренд – ресенски „Агроплод“

Ќе го врати ли Swisslion сјајот на некогашниот македонски бренд – ресенски „Агроплод“

Компанијата Swisslion е мултинационална групација со финансиски центар во Фрибург во Швајцарија и оперативен центар во Белград. Производните погони на групацијата Свисслион се наоѓаат во Србија, БиХ и Македонија, додека во Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија и Бугарија има сопствени трговски компании.

SL_RE_outside

Во 2006 година Свисслион го купи мнозинскиот пакет акции во Агроплод АД Ресен со што стана и стратешки инвеститор во Агроплод. Според зборовите на Потпретседателот на Свисслион за Македонија, за тековната 2014 година се планира да бидат инвестирани дополнителни 3 милиони евра во втората фаза од ревитализацијата на фабриката во Ресен.

За ова, како и за други прашања од тековното работење на Свисслион Агроплод, разговаравме со Александар Јањиќ, Потпретседател на Свисслион за Македонија.

Aleksandar Janjic 111

Александар Јањиќ

Се надминаа ли т.н. пост-транзициски состојби во Агроплод?

— Во 2006 година кога Свисслион го купи мнозинскиот пакет акции во Агроплод АД  Ресен и стана стратешки инвеститор во ова претпријатие, Агроплод беше на работ на пропаст, презадолжен, неликвиден, со неисплатени плати кон вработените, сите недвижности беа оптоварени со хипотеки, при што некои беа и пред реализација. Во тоа време обрските кон доверителите и непокриените акумулирани загуби изнесуваа околу 3 милиони евра, така што беше прашање на време за престанувањето со работа на оваа компанија. За Свисслион ова преставуваше голем  предизвик и до крајот на 2006 инвестира 8 милиони евра,  не сметајќи го финансиското вложување од  сса  2-та милиони евра, за  купување на  11.715 акции во АД Агроплод. Со гордост истакнуваме дека, со започнување на нашето управувањето во Агроплод од  септември 2006 година, АГРОПЛОД престана  да работи со загуби, сите вработени ги задржаа своите работни места, а во 2007 се изврши и подмладување на работната сила со нови вработувања од 30 работници.

Меѓутоа, предложениот Бизнис план на Компанијата Свисслион во 2006 год., наиде на спротиставеност од страна на еден од акционерите на АД Агроплод, од Г-дин Ѓорѓи Китинов,  кој има малку повеќе од 1/3 акции со право на глас, и гласаше против сите предог инвестиции кои ги предлагаше Свисслион. Поради тоа, на Собрание на акционери се донесе одлука, новите  инвестиции да се реализираат во новоформирани друштва на Свисслион и АД Агроплод, со определена дејност и тоа друштвото Свисслион Агроплод со кондиторска индустрија,  Свисслион Аграр -живинарска фарма и земјоделие,  и Преспа Турист  со дејноста туризам и угостителство.

Заклучно до крајот на 2009 година, Свисслион инвестираше дополнителни 3 милиони евра за санација на Агроплод, со  вложување  во производни линии и  изградба на производна  хала.   За спроведување на дел од планот за ревитализација, се вложи огромна енергија од страна на вработените во Ресен и  раковоството на Свисслион, со што успеавме да АД Агроплод, од  загубар во претходните 10 години, со заедничкото  вложување во поврзаните друштва стана профитабилна групација. Морам да истакнам дека за сето ова време, акционерот Ѓорѓи Китинов со неговото однесување и злоупотреба на неговиот пакет акции, ги запре останатите планирани инвестиции на Свисслион во Ресен. Вработените од Ресен и раководниот тим на СВИССЛИОН и АГРОПЛОД, со исклучителна упорност и ентузијазам, го одржуваат успешното работење, и покрај неделовното однесување на овој акционер. Се задржаа сите вработени, се зголеми производството, така што денес поврзаните друштва на Свисслион имаат континуиран раст во продажбата, самостојно создаваат обртен капитал кој го користат во реинвестирање и не се задолжени кај ниедна банка во Р. Македонија и странство.  И покрај кризата во регионот и пошироко, 2013 година Компанијата Свисслион ја заврши со најголема финансиска и натурална реализација, притоа водејќи деловна политика крајниот потрошувач за помалку пари да добие квалитетен производ.

Кон кои активности се насочени инвестиционите планови?

— Свисслион минатата година инвестираше вкупно 2 325 000 Евра од кои во Свисслион ДОО Скопје 760 000 Евра, во кондиторската индустрија во Ресен, во Свисслион Агроплод ДОО 1 120 000 евра и во санација на Агроплод АД Ресен 445 000 евра. Во Фабриката Свисслион Агроплод ДОО се инвестираше во нови енергетски постројки, нов компресор, се замени старата гасна, електрична и водоводна инсталација која не беше променета од изградба на произвоствени капацитети во Ресен и имаше голем ризик од несакани ефекти. Се направија ремонти на опремата за Вафли, дислокација на Флипсот и Цереалиите во ново изградениот погон во Ресен. Се инвестираше  во нова пакерка во погонот за цереалии, а во тек е пуштање на таа таа опрема во работа. За оваа година е планирано санирање и градежно интервенирање на местата во стариот погон, со што предност има погонот за кремови и блокови, каде наредната година се планираат инвестиции во нови производни капацитети. Инвестиционите планови и програми за наредниот период се во изработка.

IMG_20140401_164400

Кои се’ производи излегуваат од производните линии на Агроплод и каде истите се пласираат?

— На почетокот , односно во 2006 год. во АД  Агроплод работеше само производниот погон за “Ресана“ и тоа само 6 часа во текот на денот.  Немаше имплементирано ХАССАП. Тогашното раковоство ни кажа дека немале доволно средства за топол оброк за работниците , при што го намалиле работното време. Денес сите погони работат во три смени со 340 вработени, изградени се нови производни погони за  две производни линии и тоа линија за вафли и линија за ламиниран бисквит. Вреди да се напомене дека погонот за цереалии од година во година со промена на асортиманот носи и по 50% поголеми реализации од претходниот период.

Производните компании на Свисслион во Македонија пласманот на своите производи го насочува извозно. Иако домашниот пазар ни е многу значаен тој е недоволен за нашиот развој. Доколку не сме извозно ориентирани нашиот произвоствен капацитет во фабриките би требало за 4 работни дена да го задоволи Македонскиот пазар. Затоа 70 % од нашиот пласман е насочен за извоз. Секој година покрај пазарите кои ги опслужуваме бараме по некој нов пазар на продажба и развојот го гледаме само со освојување на нови пазари.

Какви се долгорочните планови за развој на Агроплод?

 Доколку се задржи позитивното економско окружување во земјава, плановите на Свисслион се да го задржи број на вработени во Ресен и да понуди вработување на млад кадар од ресенскиот регион. Доколку се исполнат плановите на Свисслион мислиме дека долгорочно Ресен и околината ќе има голем бенефит од нашето работење.

Со структурното преструктуирање на Агроплод АД Ресен треба да се инвестира во капиталот на друштвото, и конкретно  во ладилникот од 2 000 т конзумно јаболко, опремување на земјоделието со машина за сортирање и припрема за инвестиција на процесна опрема за правење на асептик пире и концентрат од јаболко. Со тоа Агроплод би го снабдувал системот на Свисслион со репроматеријали (концентрат и каша и пире од јаболко) кои му се потребни за фабриките за Сокови и мармалади во Таково од Горни Милановац и новата  фабрика која треба да се пушти во работа во наредниот месец во Невесиње, БиХ. Со тоа Агроплод би го развил откупот на индустриското јаболко во Ресен и кооперантски би се приклучил во откуп на конзумно јаболко во  Ресен.

Деловната 2014 сигурно очекуваме да биде подобра од претходната. Ќе ги завршиме сите припремени градежно инфраструктурни активности за да можеме од 2015 година да го реализираме интензивниот инвестиционен програм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online