Најново
Home » Галерија » Ќе има ли некогаш Ресен свој Лувр?

Ќе има ли некогаш Ресен свој Лувр?

Со оглед на тоа дека досега се постигнати значајни резултати во истражувањето, прибирањето и заштитата на музејските предмети во Преспа, редно е и во Ресен да се создаде една посебна, специјализирана институција – археолошко-етнолошки и историски музеј на Преспа, која ќе биде сместена во познатиот ресенски Сарај.

IMG_20131214_111922

Методолошкиот пристап кон реализација на оваа идеја во својата основа се врзува за концепцијата на една единствена експозиција што ќе ги прикаже историјата на Преспа (вклучувајќи ги Долна и Мала Преспа), материјалната и духовната култура, што се одвивала и на овој простор во разни временски периоди.

На просторот на горниот кат на Сарајот, кој за жал сега вака изгледа…

IMG_20130719_133153

…ќе бидат презентирани резултатите од досегашните истражувања со прибраните музејски предмети и други материјали од областа на археологијата, етнологијата и историјата на уметноста. Музејската поставка ќе се базира врз материјалистичко-научно гледиште и современите музеолошки принципи, така што историјата на Преспа, материјалната и духовната култура би се прикажале во најдобро светло. Притоа, секако примарно ќе се користат досегашните стекнати искуства, како и сознанијата до кои се дошло во текот на досегашната истражувачка работа, а секако и она што допрва ќе се открие. Преспа е оној простор во кој се случија историските собитија на кои денес ја темелиме и нашата државност во оној обем во кој таа произлегува од нив – востанието на Комитопулите во 969 година, прогласувањето на Самоил за цар, целовременото траење на Преспа како прва престолнина додека траеше и самото царство, односно и фактот дека во неа се наоѓаше и Патријаршијата, како највисока црковна власт на царството, но и како највисок дострел на сегашната Македонска Православна Црква во организациона смисла, како и на многу други историски случувања значајни за македонскиот народ и нација.

Излагањето на експонатите ќе биде по теми и нивно хронолошко презентирање, почнувајќи од праисторија и античко време, преку средниот век и денес. Тука ќе бидат изложени експонати од архолошки истражувања, бројни историски документи, експонати од етнолошко наследство, грнчарски експонати, икони итн.

Вака поставената институција – археолошко-етнолошки и историски музеј на Преспа, несомнено ќе има големо воспитно-образовно и културно значење и ќе даде значаен придонес за развојот на опшествените и природните науки.

Несфатливо е како еден регион со огромно културно и историско наследство како Преспа нема вистински репрезентативна институција која ќе го чува и промовира нашето заедничко богатство.

Музејот на Преспа, стручно уреден и просторно облагороден како вреден споменик на културата ќе биде сведок на бројни настани, занимливи документи од историјата, арехолошки експонати кои го потврдуваат постоењето на цивилизацијата во овој дел од светот и даваат посебен музејски тон. Оргиналноста на зградата Сарај, која е изградена во 1912 година, како културно историски споменик ќе претставува музеј со посебни вредности. Место каде ќе може да се одмора и со душа и со поглед. Ќе биде тоа ресенски Лувр!

IMG_20131214_112146

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online