Најново
Home » Живот » Ќе се заштитува културното наследство на Општина Ресен

Ќе се заштитува културното наследство на Општина Ресен

Културата е основниот белег на една заедница, таа е ткивото која ја држи заедно и го одржува нејзиниот опстанок. Секој аспект на животот е манифестација на култура – од готвењето на вкусните домашни јадења, па се до монументалните раскошни градби. Културното наследство го одразува развојот на културата на заедницата низ вековите, збирот на сите нејзини вредности како основа за нејзиното понатамошно градење.

„Нашата култура е нашата инспирација за напредок, волјата за подобар живот на нашите предци е и наша волја. Општеството кое не се грижи за сопственото културно наследство, не се грижи за себе и не гледа во правецот на прогресот. Затоа, од клучно значење е ние како Преспани да се грижиме и да ја развиваме нашата култура и нашето културно наследство – тоа е нашиот лик, нашиот одраз пред светот и нашиот највреден производ и придонес кон општеството. А, Преспа има што да им покаже на светот и на сите оние што ќе се одлучат да ја посетат – од археологија, историја, етнологија, архитектура…“, истакна во неодамнешниот разговор со екипата на ПреспаИнфо градоначалникот на Општина Ресен д-р Живко Гошаревски, разговарајќи на тема културно наследство и туризам.

Културното наслесдство на Преспа беше тема на разговор на градоначалникот на Општина Ресен и со директорот на Музејот на Македонија Гордан Николов, кој неодамна беше во работна посета на Ресен. Притоа, беше направен увид во состојбата на ресенскиот Сарај, еден од највредните споменици на културата во кој се сместени Домот на Културата, Археолошката музејска збирка, Ресенската керамичка колонија, Галеријата на дела на сликарката Кераца Висулчева и градската библиотека.

Градоначалникот Живко Гошаревски во придружба на директорот на Музејот на Македонија Гордан Николов и директорот на Домот на културата Васко Василевски во посета на ресенскиот Сарај

Културата во Преспа датира уште од неолитот, пред 8000 години. Via Egnatia поминувала низ котлината за време на Римската Империја. Преспа била престолнина на моќното Самоилово Царство основано во 10 век. Сочувани се богати староримски и ранохристијански сведоштва, како и примероци на традиционалната архитектура. На подрачјето на Преспа регистрирани се 130 археолошки локалитети од различни периоди од развојот на материјалната култура.

Зградата Сарај ќе биде вистинското место каде ќе биде сместено дел од огромното културно, историско и духовно наследство на Преспа и ќе стане вистинска репрезентативна институција која ќе го чува и промовира нашето заедничко богатство. Како вреден споменик на културата, Сарајот ќе биде сведок на бројни настани, занимливи документи од историјата, арехолошки експонати кои го потврдуваат постоењето на цивилизацијата во овој дел од светот и даваат посебен музејски тон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online