Најново
Home » Колумни » Кој ќе ја води битката за градоначалник на Ресен?

Кој ќе ја води битката за градоначалник на Ресен?

Оваа пролет, март-јуни, ќе бидат одржани локалните избори во Република Македонија, ќе се избираат 83 градоначалници во исто толку општини.

За разлика од последните локални избори, кога во Ресен на политички терен истрчаа тројца кандидати за градоначалник (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и еден независен), овој пат не е исклучено тој список да биде проширен, а граѓаните се тие кои ќе одлучат на кого ќе му го доверат управувањето на градот.

Центарот на Ресен од птичја перспектива

Во партиските водства, штабови и внатрепартиски лоби групи, на големо се подготвуваат за листите на кандидати за градоначалник. Деновиве овие активности ќе ја добијат својата форма и во оптек ќе бидат повеќе имиња. Општинските партиски ограноци на своите централи, како по правило, ќе им понудат списоци, со двојно повеќе имиња отколку што е потребно, за да можат луѓето од партискиот врв да ја направат најдобрата селекција. Така е затоа што прво ќе се анализираат шансите на секој од потенцијалните кандидати, па во зависност од тоа ќе се тактизира и пополнува листата.

Не треба, пак, да се нагласува какви претумбации ќе се случат со плановите на оние партии во кои, во последен момент, ќе се договара некаква коалиција која подразбира заеднички договорени имиња на кандидат за градоначалник од коалиционите партнери.

Од друга страна, можеби некои размислуваат на овие локални избори да се пријават и како независни кандидати и да докажат дека се подобри од другите.

Деновиве преку јавните гласила некои кои ја посакуваат оваа престижна општинска функција почнаа да се себерекламираат, па дури и да дебатираат за моралот и моралните вредности. Бев вчудоневиден, како еден (една) докажан манипулатор зборува за манипулации во опшеството. Тоа тие како онаа народната: “На к..ва да и’ покажуваш к..!?”

А да бараш морал и морална одговорност во политиката, помалку може да делува и чудно. Но, работите се менуваат, па можеби тоа и ќе го видиме на овие наши преспански простори.

Имено, во изминативе години и децении, се нагледавме на разно-разни афери на луѓе од политиката и политичкиот живот. На прсти, на една рака, можат да се набројат оние кои чесно, достоинствено, трудољубиво, без “опашки”, својот политички ангажман го ставиле во служба на граѓаните. Но, потребно е да се направи дистинкција помеѓу заедничкиот интерес и општиот интерес. Имено, заедничкиот интерес (читај партискиот) може да биде во судир со општествениот. Е тоа луѓето веќе го препознаваат и можат да направат разлика.

Не може и не е дозволиво, член на владејачка партија (која и да е) да биде привилегиран граѓанин во опшеството. Законите мора да важат подеднакво за секого. А, кој тоа ќе го практикува? Е, тоа е прашање.

Тоа мора да бидат личности со интегритет, моралност и професионалност. Луѓе кои ќе бидат во служба на граѓаните, а не со манипулации да се доберат до некоја политичка функција и потоа да прават ” ‘ршум ” во системот и во самата партија.

Во секој случај, за политичките сладокусци станува се’ поинтересно со започнувањето на евидентирање на кандидати за градоначалник на Ресен, кој ќе се сложите, претставува интересен политички амбиент.

Тргнувајќи од определбите за што поблиску и поизворно да ги информираме нашите граѓани за доминантните прашања од опшествено-политичкиот живот во Општинава, ПреспаИнфо им отстапува подеднаков простор на сите учесници во локалните избори 2017.

А, што велат граѓаните за работата на актуелниот градоначалник, ќе читате во наредните денови на страницата на ПреспаИнфо.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online