Најново
Home » Култура » Лежи ли античката населба Скиртијана кај село Сопотско?

Лежи ли античката населба Скиртијана кај село Сопотско?

Културата не е само „театар“ и „добро утро“. Таа го одразува збирот на сите човечки достигнувања кои се создадени и се создаваат, се наследуваат и се надградуваат низ генерациите.  Сите човекови желби, идеи и верувања се проткаени низ материјалната култура – предметите, машините и градбите – кои тој ги создава и ги употребува во секојдневниот живот. Археологијата е таа наука која преку проучувањето на материјалната култура на луѓето низ вековите го реконструира нивниот начин на живот, нивните обичаи, верувања и желби.

Некој, можеби и со право, ќе си го постави прашањето која е ползата од археологија во современото општество? Нели треба да се оди напред, а не назад во времето? Но, кога започнуваме да изучуваме некоја наука, која и да било, зарем најпрво не се навраќаме на тоа како се развила таа наука? Истото важи и за секој аспект на животот и општеството. Тука лежи значењето на археологијата за современото човештво. Таа ни нуди увид во тоа како сме стигнале до денешното цивилизациско ниво и кои се можностите за негово движење напред, кои биле причините и последиците од настаните кои ја изградиле нашата современост и што можеме ние да научиме и применеме од нашите предци кои успеале да надминат толку многу премрежја и предизвици со кои се соочиле низ текот на својот живот, секогаш успевајќи да изнајдат решение и да се издигнат.

И современиот свет се соочува со предизвици кои бараат решение, тие предизвици можат да се решат единствено со меѓудисциплинарни напори, соработка и заедништво. Тука свое интегрално место има и археологијата како најнепосреден сведок на она што довело до Денес.

Културата во Преспа датира уште од неолитот – пред 8,000 години! Via Egnatia поминува низ котлината за време на Римската Империја. Преспа била престолнина на моќното Самоилово Царство основано во 10 век. Сочувани се богати староримски и ранохристијански сведоштва, како и примероци на традиционалната архитектура. На подрачјето на Преспа регистрирани се 130 археолошки локалитети од различни периоди, но проучувањето не застанува тука. Постојат уште бројни прашања и дилеми кои чекаат свој одговор.

Меѓу мноштвото населби кои егзистирале во Преспанскито регион во минатото, една се издвојува по својот донекаде легендарен статус – римската населба или егнатиска патна станица Скиртијана (Scirtiana), популарно перцепирана како претходник на градот Ресен, која постоела пред 2,000 години.

Неодамна, во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, беше презентиран и најновиот труд на оваа тема во авторство на Игор Ефтимовски, апсолвент по археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, чиј труд имаше за задача да го сублимира, анализира и прошири досегашното знаење за Скиртијана, се’ со цел актуализирање на можноста за нејзино точно географско лоцирање и археолошко истражување.

Преку комбинирање на можните географски траси на Via Egnatia со описите на античките итинерариуми, се предлага заклучок според кој Скиртијана би требало да се бара во географскиот простор на преспанските села Козјак и Сопотско. Натаму во текстот следи освртот кон археолошките пронајдоци од овој простор кои можат да се поврзат со Скиртијана, а посебно внимание е посветено на еден вотивен релјеф од Козјак на кој е претставен богот Дионис.

Трудот во целост може да се прочита на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online