Најново
Home » Живот » Масовна еколошка акција низ Преспа

Масовна еколошка акција низ Преспа

Во понеделник, на 25 септември, граѓанската иницијатива “Eко Герила Преспа”, во соработка со јавните институции од Општината, организира масовна еколошка акција за собирање на отпад и чистење на јавните простори низ Преспа. Акцијата ќе се одвива на повеќе локации, а ќе започне во 9:30 часот.


Локациите каде што ќе се чисти се: дворовите на петте основни училишта во Преспа (ОУ “Гоце Делчев” – Ресен, ОУ “Мите Богоевски” – Ресен, ОУ “Браќа Миладиновци” – Царев Двор, ОУ “Славејко Арсов” – Подмочани и ОУ “Димитар Влахов” – Љубојно), дворот на Средното училиште “Цар Самоил” во Ресен и спортско-рекреативниот центар “Починалиште”, Градскиот пазар во Ресен и околниот простор, Детскиот парк и околниот простор на крстосницата помеѓу улиците “Ленинова” и “Корчуланска” во Ресен,  улицата “29 Ноември” од Сарајот до Агроплод, и патот од Ресен према Златари со механизација и соработка на “ЈКП Пролетер.”

За сите учесници ќе бидат обезбедени ракавици, ќеси за отпад и потребениот алат за работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online