Најново
Home » Живот » Меѓуопштинската соработка – клуч за интегриран локален развој на Преспа

Меѓуопштинската соработка – клуч за интегриран локален развој на Преспа

Позитивните примери за соработка со соседните градови и општини придонесуваат за подобро и поефикасно решавање на потребите на граѓаните, а со тоа и подобрување на квалитетот на животот во регионот Преспа.

Во оваа насока беше и посетата на градоначалникот на Општина Ресен д-р Живко Гошаревски на Општина Преспа во соседна Грција, каде што се сретна со неговиот колега Панајотис Пасхалидис.

Д-р Живко Гошаревски и Панајотис Пасхалидис – градоначалниците на Преспа од двете страни на границата

Со желба да се унапредат односите помеѓу двете соседни општини, а во рамките на проектот за интегриран локален развој, беше договорено да се воспостават и унапредат конкретни видови на соработка помеѓу општините за заеднички да го покренат развојот на своите заедници. Со овој проект ќе се овозможи регионот на Преспа да ги унапреди своите туристички, економски и трговски потенцијали.

И на оваа средба на градоначалниците на Преспа од дветте страни на границата помеѓу Република Македонија и Република Грција, по којзнае кој пат, беше истакната потребата од отворање на граничниот премин Маркова Нога – иницијатива покрената уште во далечната 1981 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online