Најново
Home » Живот » Министерот за култура Роберт Алаѓозовски во работна посета на Ресен

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски во работна посета на Ресен

Министерот за култура на Република Македонија г-дин Роберт Алаѓозовски го посети Ресен, при што беше примен од градоначалниот на Општина Ресен д-р Живко Гошаревски со кого заедно направија увид во состојбите на дел од културните установи во нашата општина.

Главниот акцент беше ставен врз објектот на Сарајот, градба која датира од почетокот на минатиот век. Во оваа импозантана градба во Ресен, сместени се археолошко-музејската збирка, изложбата на Ресенската керамичка колонија, изложбата на дела на сликарката Кераца Висулчева и Домот на култура “Драги Тозија”. По увидот на објектот, министерот Алаѓозовски изјави дека Министерството ќе вложи напори во санирањето на Сарајот, со оглед на тоа што тој претставува “една од најубавите градби што ги има држвата – објект кој зрачи со историја и асоцира на култура“.

Министерот Алаѓозовски во придружба на својот домаќин градоначалникот Гошаревски, ја посети и Спомен-куќата на Христо Татарчев во Ресен, објектот на Керамичката колонија во Отешево, а се запозна и со текот на конзерваторските работи на црквата-споменик на културата “Св. Ѓорѓи” во Курбиново.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online