Најново
Home » Живот » Митрополит г. Пимен: “Партиите и власта се мандатни, а Црквата е вечна”

Митрополит г. Пимен: “Партиите и власта се мандатни, а Црквата е вечна”

На прашањето на ПреспаИнфо како ги оценува коментарите дека религијата во Македонија добива се поголема и посилна улога во јавниот и во политичкиот живот, или со други зборови, Црквата се повеќе го освојува јавниот простор, Митрополитот Европски г. Пимен објаснува:

pimenДенес можат да се чујат и прочитаат два вида на коментари по ова прашање: дека црквата е презастапена во јавниот простор, а не и било таму местото, но и коментари кои велат дека добро е што црквата во овие бурни времиња не е пасивна туку се обидува да ја разбуди совеста кај народот преку нејзината присутност во јавниот простор.

Апсурдно е во 21. век, кога со техничко технолошкиот развој секој поединец има свој медиум преку социјалните мрежи, да се истиснува црквата од јавниот живот. Имаме свои медиуми и со тоа даваме можност да бидеме читани или не. Секако на тој начин даваме можност и да бидеме критикувани во исто време, но и тоа ни оди во прилог. На тој начин би ни се укажало на некои пропусти за кои потоа ние треба да се потрудиме да ги поправиме.

На крајот на краиштата партиите и власта се мандатни, а Црквата е вечна. Затоа никој нема да не замолчи преку прикаската дека нашата улога во општеството завршува на црковниот праг. 

Ние сме и на тој праг, но и во неограничениот етер не нарушувајќи ничија слобода, па кој сака може да нè чита и послуша, кој не сака може да нè прескокне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online