Најново
Home » Најнови вести » Младинската ракометна школа “Преспа-Вардар” од Ресен го освои првото место на турнирот „Еден живот, една љубов” во Скопје

Младинската ракометна школа “Преспа-Вардар” од Ресен го освои првото место на турнирот „Еден живот, една љубов” во Скопје

Младинската школа на РК Вардар во Ресен -“РК Преспа-Вардар”, предводена од тренерот Иван Ангелковски, го освои првото место во натпреварувачката категорија “Генерација 2006/07″ на ракометниот турнир „Вардар – Еден живот, една љубов”, кој викендов се одигра во спортскиот центар “Кале” во Скопје.

РК “Преспа-Вардар” со освоените златни медали

Во финалниот натпревар од турнирот, “РК Преспа-Вардар” ја победи екипата на “Бусинов-Вардар” со резултат од 10:8 и го освои златниот медал, потврдувајќи уште еднаш дека поднебјето на Преспа претставува расадник на ракометни таленти.

Победничката екипа денес беше примена во кабинетот на градоначалникот на Општина Ресен д-р Живко Гошаревски, кој на младите ракометари им посака уште многу успеси во иднина и ја напомена и понатамошната поддршка на локалната власт во развојот на спортот.

Победничката екипа на прием кај градоначалникот на Општина Ресен

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online