Најново
Home » Живот » М-р Ѓоко Стрезовски: “2015-та ќе биде година на нови големи инвестиции во Преспа“

М-р Ѓоко Стрезовски: “2015-та ќе биде година на нови големи инвестиции во Преспа“

“Ќе го реконструираме водоводот, ќе отвориме нови работни места, а потребата од информативна канцеларија на ЕВН во Ресен е повеќе од потребна”

Екипата на PrespaInfo деновиве го посети Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски со кого разговараше на повеќе актуелни теми од повеќе области кои ги тангираат преспанчани, за се она што изминатава година беше реализирано и за се она што е предвидено како активности во годината во која штотуку зачекоривме. Секако, неизбежни беа и прашањата за ситуацијата со која нашата Општина се соочи деновиве кога Преспа беше погодена од големо снежно невреме.

strezovski-2-2

М-р Ѓоко Стрезовски – Градоначалник на Општина Ресен

Полната трпеза и празничната атмосфера за некои наши сограѓани за жал не беше во полн сјај за оваа година бидејќи снежното време донесе огромни проблеми во дистрибуцијата на електрична струја, тоа како што вели Градоначалникот Стезовски “е недозволиво и крајно неодговорно од комппанијата задолжена за тоа“ и ете “за жал се остварија сите предвидувања дека потегот да се укинат локалните технички екипи и претставништво на компанијата беше на директна штета на корисниците“.

Во таа насока Стрезовски  истакна и дека “целосно ќе се заложи кај претставниците кои ја претставуваат државата во управувачкиот тим на компанијата да се врати локалната канцеларија во Преспа и во најскоро можно време да се пристапи кон целосна реконструкција на дистрибутивната мрежа во Преспа“ а истовремено, Општина Ресен е спремна да излезе во пресрет и да понуди сопствени простории за таа нивна канцеларија.

Во поглед на активностите за отворање на нови работни места во Општинава, Градоначалникот Стрезовски ни откри дека индустриската зона во месноста Макази многу скоро ќе добие нови закупци:

за многу скоро време ќе можеме и јавно да го кажеме името на новата компанија, новата гринфилд инвестиција, која ја очекуваме во 2015 година и со која веќе работиме на финализирање на сите детали –  за прв пат најавувајќи ја новата инвестиција во која можност да се вработат ќе добијат поголем број наши сограѓани.

Како најважни реализирани проекти за изминатата 2014 та година, Градоначалникот Стрезовски ги издвои:

Во делот на Инфраструктурата: Изградбата на повеќе тротоари во град Ресен; Реконструкциите на локалните патишта за селата Подмочани, Стење, Грнчари; Осветлувањето на клучката “Макази“; Уредување на речно корито и плоштад во с. Подмочани; Изградба на локален пат с. Јанковец- Црква Св. Никола; Изградбата на фекална канализација во с. Наколец; Реконструкцијаa на локалниот пат с. Љубојно- с. Брајчино; Изградба на пристапен пат до Откупно Дистрибутивен центар Макази; Асфалтирање на Улици во Општина Ресен ( ул. 3-та, ул. Славејко Арсов, дел од 11-ти Септември,дел од улица 11 Октомври,Обиколна); Санирањето на ударни дупки на патиштата во општина Ресен; Изградба на фекална канализација во с. Долна Бела Црква; Доизградба и ставање во функција на Градска Капела;Реконструкција на теренот во фудбалското игралиште Д-р Христо Татарчев во Ресен….

Во делот на подршка на земјоделието: Проширување на подигнатите и подигање на нови опитни овошни насади ; Изградба на откупно дистрибутивен центар во м.в. Макази; Изработка на физибилити студија “Бизнис можности за процесирање на јаболкото“ ; Подршка преку грантови за воведување на Агроеколошки мерки во јаболковото производство; Спроведување на агроеколошки мерки во овоштарството- доделување на грантови 2 фаза итн..

Во делот на активности од Културата: Почетокот на изградбата на Спомен Куќата на Д-р Христо Татарчев во Ресен, прв претседател на Македонската Револуционерна Организација. Нејзиното историското значење е во тоа што таму на 28 август 1894 бил одржан првиот конгрес на МРО. Експонатите во музејската поставка ќе бидат хронолошки поделени во три дела – предилинденскиот период, активностите на Татарчев во Илинденското востание и периодот по 1903 до неговата смрт во 1952. Со изградба на куќата ќе се постигнат повеќе цели – тој простор ќе се облагороди и Ресен ќе добие објект што ќе го промовира нашето културно и историско наследство и ќе биде основа за развој на културниот туризам во нашиот град.

Во делот на проекти и активности од Животната Средина: Изградба на Компостара; Хортикултурно уредување на градскиот плоштад; Изградба на Платфотма (Пристаниште во с. стење) како дел од мониторинг станица; Теритистичка превентивна дезинсекција за уништување на комарци на територијата на Општина Ресен- Преспанско езеро ;Надворешна Реконструкција на зградата на Локална Самоуправа за добивање на Енергетски Ефикасен Објект; „Унапредување на енергетската ефикасност кај градбите и заштита на животната средина“ ; Изградба на Еко Парк во Ресен; Оградување на градско одлагалиште за отпад; Иновативни практики во заштита на околината; Чистење на речни корита во Преспа ; Просторна идентификација на копнената граница на Паркот на Природа Езерани и поставување на инфо табли.

Исто така Стрезовски напомена дека поголем број на активности се реализирани и во делот на урбанистичко планирање, надградба на спортска инфраструктура, реализација на манифестации и сл.

strezovski 3

Во вториот дел од разговорот се насочивме и кон предизвиците кои се планирани за 2015 година, Градоначалникот на Општина Ресен истакна дека

Приоритет во наредните 365 дена ќе биде големата инвестиција за Реконструкција на градскиот водовод за подобрување на водоснабдувањето во градот Ресен и Општина Ресен, проект со кој конечно ќе ги отстраниме азбестите цефки и со кој Преспанчани ќе добијат нов и модерен водовод каков што заслужуваат“

Како останати приоритети за наредната година Градоначалникот М-р Стрезовски ги апострофираше и: Проектот за реконструкција, модернизација и надградба на јавното осветлување во општина Ресен; Реконструкција на дел од експресниот пат А3(поранешна делница М5) Битола-Ресен-Буково; Изградбата и ставање во функција на градски паркинг и формирање на соодветна паркинг служба; Изградба и ставање во функција на современа лабараторија во склоп на мониторинг центар за испитување на квалитетот на водите; Изградба на две плажи во Сливница и Стење; Изградба на повеќенаменско игралиште во населба Црквиште Ресен; Изградба на 2 Еко Парка во селските населби во Општина Ресен; Проектот за доизградба на 2000м2 тротоари во централното градско подрачје и асфалтирање и санација на локални патишта според програма и приоритети како и Осветлување на раскрсница во с.Царев Двор и подобрување на осветлувањето на ул. Ленинова и Корчуланска итн.

На крајот на нашиот разговор, Градоначалникот на Општина Ресен М-р Ѓоко Стрезовски посака преку PrespaInfo.com да им ги честита Новогодишните и Божиќните празници на сите наши читатели:

Почитувани преспанчани, ја користам оваа прилика да Ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници, да Ви посакам успешна 2015 година исполнета со добро здравје и многу радосни моменти. Истовремено, Ве повикувам активно да се вклучите во реализирањето на нашите проекти и активности за подобра Преспа, придонесот на секој од нас е подеднакво важен и потребен бидејќи само со заеднички сили нашата општина може да напредува и да се развива !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online