Најново
Home » Живот » Нови имиња за раководители на повеќе ресенски установи – Јоне Димовски е новиот секретар на локалната администрација

Нови имиња за раководители на повеќе ресенски установи – Јоне Димовски е новиот секретар на локалната администрација

Две од петте основни училишта во Преспа добија нови директори. Во основното училиште “Гоце Делчев” во Ресен за директор е назначен Блаже Соколевски, во основното училиште “Димитар Влахов” во Љубојно е назначена Сузи Ќоропановска, а во СОУ “Цар Самоил” за директор е именувана Славица Божиновска.

Во Јавното комунално претпријатие “Пролетер” на директорската фотеља се враќа Музафер Мурати, а за нов директор во Управата за јавни приходи во Ресен е поставен Јове Ристевски.

Нови раководители добија и подрачните единици за труд и социјална работа, за катастар и земјоделие. Во наредниот период, Центарот за труд и социјална работа ќе го води Зоре Проевска, Агенцијата за катастар на недвижности ќе биде раководена од Никола Думовски, а Подрачната единица за земјоделие, шумарство и водостопанство ќе ја води Игор Ивановски.

И здравствените установи во Преспа неодамна добија нови раководители. Во Здравствениот дом во Ресен за в.д. директор е назначен д-р Еркан Мерџановски, а д-р Галаба Мишевска-Саљамовска за в.д. директор на Заводот за рехабилитација во Отешево.

За претседател на Судот во Ресен е избрана Емел Кранли-Али.

Јоне Димовски е новиот секретар на локалната самоуправа во Општина Ресен.

Во наредниот период продолжуваат кадровските промени и во другите општински институации и установи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online