Најново
Home » Најнови вести » Оддржана 5-та седница на Советот на Општина Ресен

Оддржана 5-та седница на Советот на Општина Ресен

Под претседателство на претседателот на Советот на Општина Ресен Никола Станковски, членовите на Советот на својата 5-та, редовна седница, работеа под дневен ред од над дваесетина точки.

Меѓу другото, беа усвоени Предлог-програмата за унапредување на здравствената и социјална заштита во Општина Ресен за наредната година, Програмата за оддржување на комуналната хигиена, како и други прашања од областа на комуналната сфера.

Беа разгледани и финансиските планови на училиштата во Преспа за 2018 година, а се усвоија и неколку Решенија за разрешување и именување на членови во Управните одбори на училиштата во Преспа, здравствени и културни установи. На седницата беа разгледани и други прашања од локален интерес.

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата во знак на протест поради притворот на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online