Најново
Home » Бизнис » Општина Ресен ќе потпише меморандум за соработка со Општините Корча и Пустец

Општина Ресен ќе потпише меморандум за соработка со Општините Корча и Пустец

Утре, Градоначалникот на Општина Ресен Д-р Ѓоко Стрезовски и Градоначалниците на албанските општини Корча и Пустец, Сотираќ Фило и Едмонд Темелко, во присуство на Амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија г-дин Стојан Карајанов и Префектот на Областа Корча г-дин Ардит Кономи ќе потпишат Мемеорандум за Економска Соработка на трите погранични општини.

Со меморандумот ќе се регулира воспоставување на поблиска економска соработка на трите општини и бизнис секторот во прекуграничниот регион што треба да допринесе забрзан економски развој на локалните заедници. На свеченото потпишување на Меморандумот ќе присуствуваат и бизнис делегации од македонска и албанска страна кои пак во скора иднина треба да формираат мешовите економски комисии кои ќе ја регулираат и спроведуваат економската соработка.

Бизнис делегацијата од Република Албанија ќе ги посети и фабриката Свислион Агроплод и Откупно дистрибутивниот центар на Епл Ленд во Ресен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online