Најново
Home » Култура » Отец Пимен во Ресен ќе ја промовира својата книга “Патувајќи”

Отец Пимен во Ресен ќе ја промовира својата книга “Патувајќи”

Митрополитот Европски г. Пимен, утре (понеделник, 04.09.2017) во Ресен ќе ја промовира својата втора книга “Патувајќи” – збирка на негови текстови и колумни објавени на интернет просторот. Промоцијата ќе се одржи во Спомен-куќата на Христо Татарчев во Ресен, со почеток во 19 часот.

Како роден и израснат Ресенчанец, Отец Пимен често во неговите колумни се навраќа токму на својот роден град и луѓето кои го сочинуваат, поради што и првата промоција на книгата “Патувајќи” се одлучи да биде во Ресен.

“Нема потреба да ви кажувам колку многу ми значи вашето присуство за кураж пред промоциите низ другите градови низ Македонија, ама ќе нема поединечни покани, бидејќи сите сте поканети”, напиша Отец Пимен во својата отворена покана кон Ресенчани на социјалните медиуми.

Книгата “Патувајќи” е публикувана од страна на издавачката куќа “Матица” од Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Следи го PrespaInfo на Facebookschliessen
oeffnen
BirthdayWishess Harvey Specter Super Mario Games Online